Полицијата вчера во 13.10 часот во гостиварското село Форино привела 47-годишен жител на Чегране, З.С., осомничен за кривично дело „тешка кражба“.
Како што соопшти МВР, тој е осомничен дека од угостителски објект во Гостивар одзел пари и лаптоп.
-По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.