Во Албанија од денеска почнува втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа, во која се затвораат 9 судови и првостепените регионални обвинителства, како дел од судските реформи.
Косовските медиуми меѓу другото, известуваат за денешната средба помеѓу премиерот Албин Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ во Брисел.
Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
АЛБАНИЈА
Сури: Нова судска мапа/ Од денеска „распуштени“ 9 судови и обвинителства
„Со втората фаза од имплементацијата на новата судска мапа од денеска се затвораат 9 судови и првостепените обвинителства во реоните.
Затворени се Основните судови во Тропоја, Мати, Курбин, Пука, Круја, Каваја, Лушња, Пермет и Поградец.
Според Високиот совет на обвинителството, заедно со нив се споени и соодветните обвинителства на овие судски области, што доведе до испраќање на правосудни органи и претставници на обвинителството во новите институции на правдата.“, пренесе албанскиот портал Сури.
Балкан Веб – Избори без решение за историскиот бастион на десницата“, БИРН: Тропоја меѓу двајцата кандидати
Ова не се избори за решенија“, вели Кетрин Бон, американска активистка која со години живее во Тропоја.
„Ниту една од партиите или кандидатите што ги застапуваат нема презентирано програми. Не забележав некој гласач да каже дека ќе гласам за овој кандидат, дека направил нешто за да ми го подобри животот“, вели Бон, во репортажата на БИРН, објавена во Балкан Веб.
КОСОВО
ТВ21: Курти и Вучиќ денеска се среќаваат во Брисел
„Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
На оваа средба се очекува главна тема да биде предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство.“, пренесе косовската ТВ 21.
Шќип: Хакери ги нападнаа веб-страниците на Претседателството, Кабинетот на Премиерот и Обвинителството на Косово
„Се чини дека веб-страниците на трите најважни институции во земјата се под сајбер напади.
Веб-страниците на Претседателството, на Кабинетот на премиерот и на Обвинителството на Косово вечерва излегоа од функција.
Засега нема официјална потврда за причините за падот на онлајн-страниците, но се известува дека и сајбер нападите се вратиле во медиумите во земјава.“, пренесе косовскиот портал Шќип.
Перископи – Српски аналитичари: Србија со разочарувачки пристап кон Косово
„Аналитичарите во Белград сметаат дека е важна средбата на косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ на 2 мај во Брисел. Додека тема на разговор ќе биде Здружението, српските аналитичари оценуваат дека Србија има разочарувачки пристап кон Косово, наведувајќи го и прекршувањето на Охридскиот договор.
Средбата на највисоко политичко ниво Косово-Србија може да биде стожерна точка, по период на тензии. Вака експертите ги оценуваат случувањата во Белград.“, пренесе Перископи.
КОЛУМНА
Сури нет. Косова: Падот на „Првомајски Уранак“ во Герми
“Првомајскиот пикник во Герми е целосна имитација на српскиот начин на прославување на 1 мај. Овој метод исто така има име. Се вика „Првомајски Уранак“. Наутро, пријателите, колегите и семејствата се собираат за да одат на одредено место во природа, каде што ги организираат активностите се познати како „Скара на отворено“, кои вклучуваат подготовка на храна на отворено, чие консумирање е придружено со музика, игри и различни пијалоци. Во времето на Социјалистичка Југославија, овој тип на славење беше во склад со идеолошките барања на режимот, кој 1-ви мај го славеше со паради и преполни државни активности, бидејќи себеси се нарекуваше работничка држава.“, извадок од колумната „Падот на „Првомајски Уранак“ во Герми“, од авторот Блерим Латифи, објавена во косовскиот портал Сури.
Д. Тахири / Цивил Медиа