Претставници на Демократско партнерство на Конгресот на САД денеска ќе го посетат Собранието, а главна тема на разговорите ќе биде подобрување на фискалната контрола и буџетскиот надзор во Република Северна Македонија.
Тие ќе остварат средби со претседателот на Собранискиот Буџетски совет Горан Мисовски, со претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојановски, како и со заменик-генералнио секретар на Собранието Бојан Василевски.
Во Парламентарниот институт тие ќе присуствуваат на презентација на буџетскиот процес и механизмите за надзор во Собранието на Република Северна Македонија, а потоа ќе биде презентиран и буџетски процес и надзор од контекст на САД – Механизми и клучни двигатели на ефективен надзор од буџетскиот процес.
Фазите на годишниот буџетски процес вклучуваат изготвување, одобрување, извршување и евалуација. Во секоја од овие фази, постојат голем број законодавни канцеларии, штабови и независни агенции кои се вклучени во финализирањето на националниот буџет. На оваа седница делегатите на ХДП ќе ја изложат секоја од овие клучни институции, се посочува во најавата за настанот на собраниската веб страна.