ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Маврово и Ростуше му врачи благодарница на Битиќи за изградба на водоводната мрежа во с. Скудриње

May 4, 2023 14:18
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски, по повод 4 Мај, денот на општината, му врачи благодарница на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, за неговиот придонес во изградба на водоводната мрежа во село Скудриње преку ТАВ Програмата.
На свеченоста, градоначалникот Куртовски му се заблагодари на вицепремиерот Битиќи за помошта за изградба на водоводната мрежа во село Скудриње, но и на Владата на Северна Македонија за реализација на разните инфраструктурни проекти во нивната општина.
Во неговото обраќање пред присутните жители на Општина Маврово и Ростуше, вицепремиерот Битиќи се заблагодари за пофалницата и за добрите зборови, но подвлече дека е негова должност како вицепремиер да работи на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
„Се  чувствувам почесен, но ова е наша должност како Влада да го подобриме квалитетот на живот на сите наши граѓани, како што е примерот со финансирањето на изградба на водоводната мрежа во село Скудриње преку ТАВ Програмата”, рече пред присутните Битиќи.
Вицепремиерот посочи дека освен во Маврово-Ростуше, преку ТАВ програмата се работи на инфраструктурни проекти и во други општини.
„И не само во општина Маврово-Ростуше, низ целата држава градиме водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, инфраструктурни проекти кои се значајни за сограѓаните кои живеат во овие општини”, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи информираше дека во предвидените рокови се реализирани 70% од започнатите проекти од ТАВ програмата, или завршени се 56 проекти во 56 општини и дека во моментов се работи на 25 други проекти кои се во тек и е планирано да бидат завршени до крајот на годината со кои Владата ја јакне локалната инфраструктура што значи дека нашите сограѓани добиваат квалитетна инфраструктура и подобри услови за живот.
Tags: БитиќиМаврово и Ростушенаграда
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Инзаги: За разлика од порано, сега ги претвораме нашите шанси во голови

НАЈНОВО

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп потврди дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

October 31, 2025
Фото: Скриншот

Вучиќ се извини за работите што им ги кажал на демонстрантите и студентите

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk