ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Шведските искуства се позитивен пример за подобар пристап во заштитата на жените од насилство

May 5, 2023 14:06
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на Република Северна Македонија во Шведска предводена од Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Националниот центар за знаење за насилството на мажите врз жените на Универзитетот во Упсала. Центарот се состои од единици за истражување, обука и образование и комуникација. Преку нивната работа ги поддржуваат агенциите и Владата во нивната работа и спроведуваат обуки за студенти на ова прашање. Нивниот пристап во работата е интердисциплинарен формиран низ призмата на медицината, правото, социологијата, криминологијата, психологијата, родовите студии, јавното здравје и политичките науки. Посетата имаше за цел да ги продлабочи познавања за методите и начините на истражување и обуки со цел подобар пристап во заштитата на жените од насилство.

Претставниците од центарот ја информираа делегацијата за функционирањето на линиите за пријавување на насилството и за информирање на жртвите од насилство за начините на насилства. Тие посочија дека изминатата година биле услужени 44 678 лица преку линијата од страна на професионалци. Она што го истакнаа претставниците беше дека вакви линии има достапни како за жените така и за мажите. Исто така тема на дискусија беше и менталното здравје на жените и поголемата застапеност на анксиозност и депресија кај жените кои имаат претрпено насилство отколку кај жените кои никогаш не биле соочени со таков предизвик.

Особено акцентот беше поставен на последиците после насилството и актите на насилство кои ги трпат жените по излегување од врските. Како такви беа посочени економското насилство, говорот на омраза, психичкото насилство и демнењето.  Во фокус на дискусијата беше и унапредувањето на технологијата и начините на насилство кои  се зачестени во поновото време.

Студиската посета со поддршката на UN Women преку проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата еднаквост” има за цел да ги зајакне капацитетите на институциите во однос на прашањето за родовата еднаквост.

Tags: МТСПТренчевскаШведска
Next Post

Вo недела Ден на жалост во Црна Гора

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk