ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Огромен протест „Србија против насилство“: Прочитани барањата, народот се упати кон зградата на Владата

May 8, 2023 19:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва околу 18 часот во Белград, пред Парламентот започна големиот протест наречен „Србија против насилството“. Протестот се одржува како реакција на двата неодамнешни масакра во таа земја. Во првиот, 13-годишен ученик во училиште во Белград со истрели од пиштол уби 8 негови соученици и училишниот чувар. Во вториот, 21-годишниот Урош Б. со истрели од автоматска пушка во Младеновац и околината уби осум луѓе, јави N1.

Илјадници граѓани и претставници на опозицијата се собраа пред зградата на Собранието, каде беа прочитани барањата до Владата, а потоа тргнаа во мирна прошетка до владата на Србија. Никој од опозицијата не зборуваше на митингот.

Беа истакнати повеќе барања, чија цел, како што се наведува, е да се намали нивото на насилство во Србија. Најпрво, од властите се бара да го сменат раководството на РЕМ (регулаторното тело за медиумите) и Радиотелевизија Србија, како и одземање на националната фреквенција на телевизиите Пинк и Хепи, како и забрана на таблоидите кои промовираат насилство.

Политичкиот социолог и професор на ФПН Зоран Стојиљковиќ изјави дека по масовните убиства во Белград и Младеновац, покрај министерот за образование Бранко Ружиќ, оставки треба да поднесат и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин.

Многу би сакал претседателот Вучиќ, кој е најодговорен за состојбата на нацијата, да седне и да размисли за одговорите на две-три прашања – како, со која политика и по која политичка трансформација дојде на власт, што вети, каква е сега состојбата на нацијата, дали за него би бил прифатлив овој автократски, навредлив тон со кој се однесува кон политичките противници, истакна Стојиљковиќ за N1.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: насилствопротестСрбија
Next Post
Screenshot: Twitter

Украинците објавија видео снимка од руската евакуација во Запорижја: Спакувајте се и заминете

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk