Руските агресори синоќа ја нападнаа Украина со 35 беспилотни летала камикази од иранско производство, при што украинските бранители ги уништија сите цели, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина преку објава на Фејсбук, пренесе Укринформ.
„Ноќта на 8 мај 2023 година, непријателот повторно ја нападна Украина, користејќи беспилотни летала Шахед од Иран. Нашите бранители уништија 35 од 35 беспилотни летала“, се вели во објавата.
Генералштабот додаде дека продолжувајќи со својата тактика на терор, Русија извршила 16 ракетни напади во изминатиот ден, особено во регионите Харкив, Херсон, Миколаев и Одеса. Покрај тоа, Украина, исто така, забележа 61 непријателски воздушен напад и 52 напади на MLRS врз позициите на украинските трупи и населби. За жал, има загинати и повредени цивили, оштетена е станбен блок, приватни домови и друга цивилна инфраструктура.
„Веројатноста за дополнителни руски ракетни и воздушни напади низ Украина останува висока“, предупреди украинскиот Генералштаб.
Градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, на својот канал на Телеграм пишува дека пет лица се повредени кога остатоци од дрон паднале во областите Свјатошински и Соломиански во главниот град на Украина, Кијив, денеска во раните утрински часови.
Тој напиша дека три лица се повредени на местото на експлозијата во областа Соломијански и едно во областа Свијатошински.
Подготви: Ј. Ѓ.