ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски на Европска регионална конференција на Интерпол: Заеднички стратегии за современите глобални предизвици

May 8, 2023 10:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против целокупните современи глобални предизвици е зајакната, поуспешна и поефикасна токму преку неопходниот глобален и регионален пристап, активната оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето. Впрочем, тоа го покажаа и најновите геополитички случувања, кои бараат сериозен заеднички одговор на предизвиците кои не тангираат сите нас, без исклучок. Тоа го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на јубилејната 50. Европска регионална конференција на Интерпол што од денеска до 11 мај се одржува во Охрид.

Во обраќањето пред присутните, тој посочи дека кога се зборува за принципи и развој на демократското општество, едноставно не може, а да не се наперави осврт на вложувањето и унапредувањето на безбедносниот систем, како основа на владеење на правото. Како потврда ги посочи амбициозните и сериозни реформи се намалувањето на криминалитетот и постигнатите одлични показатели во справувањето со современите безбедносни предизвици, како резултат на зголемената ефективност на полицијата на Република Северна Македонија.

Спасовски нагласи дека тридецениското членство во најголемата светска полициска организација сведочи за посветеноста и подготвеноста на државата за активна глобална полициска соработка, преку континуирана размена на идеи, енергии, за преку зајакнување на меѓусебната соработка да придонесе кон заедничката цел – глобална безбедност преку поврзување на полициите ширум светот.

-Сведоци сме на тоа како глобализацијата, дигитализацијата и технолошкиот развој ги придвижуваат глобалните промени, истовремено продуцирајќи и софистицирани криминални предизвици, за кои е неопходен заеднички пристап и обединети напори. Интерпол, со својата ексклузивна привилегирана позиција, e клучна организација за обезбедување на глобалната безбедност, со амбициозна визија за побезбеден свет. Затоа Интерпол го идентификуваме како сериозен партнер за соработка, размена на информации и обезбедување на синергии меѓу многуте глобални и регионални напори и иницијативи, додаде министерот.

Посветеноста на македонската полиција кон Интерпол, посочи Спасовски, е одразена преку бројните активности на национално, регионално и глобално ниво. Притоа ги спомна бројните успешни активности и операции спроведени во рамки на воспоставената соработка.

-Меѓу клучните аспекти за безбедносните перспективи на сите нас и на Интерпол најпрво би ја истакнал потребата од целокупна модернизација. Тоа подразбира осовременување на полициските системи и технологии, развивање и унапредување на алатки за дигитализиран и технолошки напредок, како и обезбедување на усовршувања за целосна и соодветна искористеност на расположливите капацитети. Воедно, неопходни ни се цврсти партнерства, кои се темелат на доверба, транспарентност, еднаквост во спроведувањето на законот, преку зајакната соработка со регионалните организации и иницијативи, со приватниот сектор и академската фела, а се’ со цел заштита на нашиот интегритет и заедничките глобални вредности, заклучи министерот Спасовски.

Конференцијата на Интерпол во Охрид се одржува под посебен режим на одвивањето на сообраќајот и засилени безбедносни мерки, со физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делагации.

Tags: ИнтерполСпасовски
Next Post
The White House

Вашингтон тврди дека Сирија не заслужува да се врати во Арапската лига

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk