Денот на Европа е поглед кон иднината, обновување на обврската за тоа каква ЕУ сакаме, Европа на вредности и иновации, Европа која ги вклучува младите луѓе која е конкурентна и отпорна. Северна Македонија е на добар пат да биде дел од оваа визија со членство во ЕУ, откако ги отвори пристапните преговори минатиот јули. Патот е отворен, а задачите се јасни, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир на одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
-Убеден сум дека со визија, обединетост и истрајност, Северна Македонија ќе може да си го заземе своето место на земја членка на ЕУ. Ние сакаме да сте дел од нас, нашите визија е иднина заедно, нагласи евроамбасадорот.
Гир посочи дека улогата на ЕУ е уште поважна додека се одвива војната на Русија против Украина. ЕУ и нејзините истомисленици, како што рече, одговорија на агресијата со неверојатна решеност и единство.
-Северна Македонија покажа неверојатно водство и неверојатно лидерство со поддршката што ја даваше за Украина и сакаме да ја поздравиме за тоа додека истовремено ја поздравуваме и храброста на украинскиот народ и оддаваме почит на мажите и жените кои се жртвуваа во Втората светска војна за да го победат фашизмот, рече Гир.