ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Парите потрошени на изборите во Албанија не може да се следат; Денот на Европа во Косово официјален празник; се бара реципроцитет за Заедницата за Албанците во Србија

May 9, 2023 11:06
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Централната изборна комисија на Албанија, Целибаши, во емисија на РТШ посочи дека партиите во предизборната кампања трошат повеќе од тоа што пријавуваат, но дека нема соодветни механизми за верификација. Во Република Косово  Денот на Европа се одбележува како официјален празник, иако интеграцијата на земјата во ЕУ е се уште далечна.

Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: „Партиите трошат повеќе отколку што пријавуваат“ – претседателот  на ЦИК: Невозможно е да се следат парите на избори

Можеби сум малку наивен, но не толку, и верувам дека се троши повеќе отколку што е пријавено, но се додека нема механизам легално да го потврди  тоа, тогаш ќе мора да веруваме во кој било изграден механизам за да ја направи верификацијата“, изјави првиот човек на ЦИК, Целибаши,  во емисијата „Без цензура“, на РТШ, пренесе Јава Њуз.

Албеу: Албанија со 6.221 вработен на онлајн платформите, втора во 8 земји на Балканот

„Онлајн пазарот на труд забрзано се шири насекаде во светот, а дел од него се веќе и балканскиот регион и Албанија.

Регионалниот извештај на „Гигметар“ покажа дека во октомври минатата година преку 6.200 Албанци биле вработени преку интернет.

Албанија е рангирана на второ место по Северна Македонија, во 8 земји од регионот по бројот на онлајн вработени во однос на населението.“, пренесува албанскиот портал Албеу.

КОСОВО

Газета Експрес: Косово го слави Денот на Европа, но патот до ЕУ е долг и со многу предизвици

„Денот на Европа денеска се одбележува и кај нас. Од прогласувањето на независноста, Косово континуирано се движи кон европските интеграции, кои се и негови цели. Сепак, запознаени со процесот на евроинтеграции, оценуваат дека патот на Косово кон членство во Европската унија е долг и со многу предизвици.

Иако Косово е далеку од евроинтеграциите, поради политички пречки, 9 мај – Денот на Европа се одбележува како официјален празник.“, пренесува косовскиот дневник Газета Експрес.

РТВ 21: Уапсени се две лица кои се обидувале да ја блокираат зградата на Општината во Звечан

„Косовската полиција уапси две лица во Звечан, откако истиот понеделник по полноќ заварувале железни шипки во објектот на општината.

Портпаролот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани соопшти дека во оваа прилика заплениле и автомобил.“, пренесе косовската РТВ 21.

Бота Сот: Реципроцитет за Заедницата, треба ли да има самоуправување и за Албанците во Србија?

Албанскиот пратеник во Собранието на Србија Шаип Камбери во директен линк на А2 Си-Ен-Ен истакна дека решението треба да се бара во рамките на она што го дозволува Уставот на Косово.

„Никогаш не може да дозволи изградба на повисоки стандарди од оние на самата ЕУ за малцинствата и да не дозволи такви ситуации кога овие единствени стандарди би биле од вредност само за една заедница во Западен Балкан“, изјави меѓу другото пратеникот на Албанците во Србија, Камбери, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

КОЛУМНА

Газета Експрес: Омразата кон Албанците во Србија се уште не згаснала, не знаеме кога ќе се случи

„Албанофобијата во Србија не е мртва и не знаеме кога ќе биде. И какво исклучително чудно чувство на страв, презир и омраза кон Албанците, во земја и во општество кое формално сака Косово со албанско мнозинство во својот состав, нели? Или Србија, според стариот обичај, сака Косово – но без косовските Албанци?

Навистина, на насловната страница на про-режимскиот весник „Информер“ и на сите киосци во Србија неодамна се појави наслов: „Западот ѝ одби визи на лажна земја. Европо, еве ви ги  Шиптарите! Земете ги сите во ЕУ!“ Чекај, што? Зарем целта на државната политика не е реинтеграција на Албанците во Србија?“, пишува во едиторијалот “Омразата кон Албанците во Србија се уште не згаснала, не знаеме кога ќе се случи“, во Газета Експрес.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
Фото: ЕПА

Меси прв добитник на наградата „Лауреус“ за најдобар спортист и член на најдобрата репрезентација во истата година

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk