Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, на Денот на Европа, изјави дека Европската унија треба да го одржи ветувањето за прием во членство на сите земји од Западен Балкан.
Во говорот тој посебно ја спомена Македонија и она што го направи изминатите години. „За политичката храброст Македонија треба да биде наградена, мора да следи нејзино пристапување или барем напредок во нејзиното приближување кон ЕУ“, рече Шолц.
„Напредокот мора да биде награден од наша страна, во спротивно целата политика на проширување ќе ја изгуби својата привлечност, а ЕУ ќе го изгуби своето влијание“, предупреди Шолц, цитиран од „Независен“.