Часовникот ги отчукува последните секунди за да бидеме обединети, храбри и гласни промени во земјава се со цел да ја подобриме заштитата на најмилите кои сите ние ги викаме нашата иднина, велат од општинската организација Центар при Либерално-Демократската партија.
– За нашата иднина да биде здрава и да има здрав разум мораме да вложиме енергија и голем напор да донесеме конкретни мерки со кои ќе се заштитиме од она што го живееме во реалноста, додаваат од ОО Центар ЛДП.
Според општинската организација она што се случи вчера во општинско училиште да малолетно лице прави список на омраза е уште еден показател дека потребно е веднаш да се регулира пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство, детска порнографија, понижување на личноста итн. Да не дозволиме сите како општество да бидеме поразени од немили настани кои ги полнат полициските билтени особено со насилства помеѓу деца.
– Сведочиме на она што се случува со нашите деца. Македонија исто така имаше човечки жртви од користењето на ТикТок и апсолутно се наметнува потребата не само пристапот до содржините на ТикТок, туку да се регулира просторот при пристапот до апликации и игри коишто промовираат насилство. Постојат механизми, алгоритми што можат да ја детектираат содржината и да ја банираат односно да оневозможат пристап до таа содржина, додаваат од ОО Центар – ЛДП.
Ова го побара и претседателката на партијата Моника Зајкова која додаде дека пристапот до некои социјални мрежи е ограничен и се оневозможува и во некои од најлибералните држави во светот, но она што државата треба да го направи, според неа, е да се процени во кои закони треба да се интервенира и на кој начин би била регулацијата, затоа што, вели, и сега има забрана за пристап до одредени содржини за лица под 18 години, но тоа не функционира.