ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јоаниду: Преспанскиот договор им донесе слобода на грчките прогресивни сили

May 10, 2023 14:16
in PMD, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Договорот од Преспа ни донесе слобода. Не ослободи“, вели таа во репортажата на Рацин.мк за 5 години од Преспанскиот договр Професорката Александра Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии.

Во репортажата на Рацин.мк Јоаниду посочува дека темата Македонија и процесот за изнаоѓање решение за името „ги подели прогресивните од конзервативните сили“ во Грција и дека „прогресиовните сили пред овој настан, пред Преспанскиот договор, се подложија самите себе си на самоцензура“.

– Ако не бевме внимателни, бевме подложени на прогони во нашата професија, во јавните настапи. Бевме напаѓани од медиумите, не смеевме гласно да зборуваме дека постои друг македонски идентитет освен локалниот македонски идентитет на грчките Македонци. Бевме стигматизирани како национални предавници. Со договорот од Преспа, сето тоа запре, заврши, ни ја потенцира оваа придобивка од Преспанскиот договор професорката Александра Јоаниду.

Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии, истакнува дека сега „никој повеќе не ни вели, ‘а, вие зборувате македонски, за Македонците’ и потоа не пријавуваат во медиумите, во полицијата, за да бидеме обвинети, да бидеме отпуштени од работа“.

– Морам да ви кажам, во моментот кога на телевизија го проследив потпишувањето на Преспанскиот договор, за кој апсолутно се сложувам и признавам дека беше многу потежок за Македонците, му се јавив на мојот колега Константинос Целикис, којшто предава правни науки на истиот факултет каде што предаваме заедно, тој ми рече „Не можам да зборувам сега. Плачам“. И почнав да плачам и јас. Плачевме двајцата на телефон. Само така можете да замислите што претставуваше за нас овој договор, ги пренесува нејзините сеќавања професорката Александра Јоаниду, која на Универзитетот во Солун предава на Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии во репортажата на Рацин.мк.

Tags: Александра ЈоанидуГрцијаПреспански договор
Next Post

Сијарто најави нов нафтовод помеѓу Унгарија и Србија

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk