ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

May 10, 2023 10:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнување на позициите на пазарите, градење препознатлив бренд со географска индикација и успешна трансформација кон органско производство се основите за успех на македонската винска индустрија. Ова се современите трендови во глобалната винска индустрија, кои мора да се применат за да се задржи конкурентноста. До каде се овие процеси и кои се клучните активности што се преземаат беа главните теми на конференцијата „Органска трансформација – предизвици и потенцијали“, што се одржа во М6 Едукативниот центар, во организација на здружението „Вина од Македонија“.

Присутните на конференцијата ги поздрави Eлена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“, која ги истакна: значењето на одржливото производство на грозје и вино, воведувањето стандарди, како и растечките трендови на производство и потрошувачка на органското вино, како едни од најважните фактори за поголема конкурентност на странските пазари и додаде дека заедничкиот настап на пазарите наметнува и заеднички стандарди и квалитет на сите производи од земјата.

Елизабета Крстевска, од одделението за органско производство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги презентираше најавените измени на Законот за вино кои се однесуваат на органското производство, како и состојбата и статистиките за органско производство. Својата експертиза и искуство за органското производство ја сподели и Кристина Микелони, координатор на Научниот одбор при Италијанската асоцијација за органско земјоделство, која презентираше корисни алатки за органското лозарство и винарство, а за научниот пристап во трансформацијата на лозовите насади кон органско производство зборуваше Џовани Бигот, основач на институтот „Перлеуве“ од Италија и водечки светски истражувач и промотор на иновации во лозарството.

На панел-дискусијата што се одржа во рамки на конференција, претставниците на македонскиот вински сектор и на лозарите ги споделија своите искуства и практики во процесот на органско производство на грозје и вино. За искуствата и позитивните практики во процесот на трансформација кон органско производство зборуваше и Александра Ристовска, менаџер на одделението за лозови насади во винарската визба „Тиквеш“. Имајќи предвид дека, со производство на органско вино на поседот „Domaine Lepovo”, ВВ „Тиквеш“ е на напредно ниво во овој процес, ваквото знаење и искуство се споделува со лозарите и со другите винарници со цел сите да создадат што подобар модел за нивна успешна трансформација кон органско производство. Васка Мојсовска од „Националната федерација на фармери” ги охрабри сите присутни да размислуваат да почнат да произведуваат одржливо и органско грозје, затоа што само така ќе можат да обезбедат сигурен пласман и повисоки цени. Горан Колев од „Процерт”- национално сертификационо тело, го објасни процесот на сертификација и предностите за сертифицирање во органско производство.

Конференцијата е дел од проектот „Географска индикација за производство на вино во Република Северна Македонија“, чија главна цел е зајакнување на техничките и организациските капацитети на винскиот сектор за воспоставување на функционален систем за географска индикација. Проектот го спроведуваат „Вина од Македонија“, ВВ „Тиквеш“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ). Географската ознака е од големо значење за македонската винска индустрија и за нејзиниот развој. Таа го претставува потеклото, географскиот регион, односно утврдувањето на територијата на потекло на виното како регион или локација од таа територија. Покрај тоа, овој термин опфаќа и квалитет, репутација и други карактеристики на виното, што тоа ги добива како резултат на географската индикација.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВинаекономијаКонференција
Next Post

Земјотрес со јачина од 4,2 степени во централна Турција

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk