ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност во сржта на националните политики

May 10, 2023 10:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска е во работна посета на Брисел по повод одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст.

Билатералниот состанок започна со тема „Европскиот столб на социјални права” на која министерката Тренчевска во своето воведно обраќање зборуваше за националните клучни реформи и иницијативи како и предизвици и идни планови во однос на 20-те начела на Европскиот столб за социјалните права. Таа посочи дека, овие начела кои ја претставуваат Општата стратегија за посилна социјална Европа се интегрирани и се гарантираат во нашиот правен поредок, Уставот и законите.

„Еднаквите можности, пристап до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство и тие се насочени кон создавање на праведна и одржлива економија, која ја искоренува сиромаштијата, кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, а особено на најранливите категории на граѓани” истакна Тренчевска.

Министерката се осврна на областа „Вработување и социјална политика” која е динамична област и во континуитет се врши усогласување со европското законодавство и практики.

„Подготвивме нов Закон за работните односи, со кој се унапредува правната рамка за заштита на правата на работниците. Законот ќе биде усогласен со европското право и меѓународните трудови стандарди. Овој закон се подготвуваше низ широк процес на учество и консултации на сите релевантни субјекти, вклучувајќи ги организациите на работодавачи и синдикатите, судии, академската заедница и останати засегнати страни,” истакна Тренчевска.

Зборувајќи за новиот Закон за работните односи, министерката ги потенцираше клучните новитети во оваа областа како што се новите форми на договори за вработување, уредување на транспарентни и предвидливи услови за работа, и создавање на достоинствени работни места, еднаквите можности на работниците со семејни обврски, воведување на татковско и родителско отсуство и друго. Таа се осврна на ефикасно функционирање на социјалниот дијалог на сите нивоа, политиките за вработување на млади, младинската гаранција, вработувањето на Ромите, долгорочно невработени ниско- квалификуваните, и лицата со попреченост како приоритетни цели.
„Социјалната економија вградена во стратешките и владините приоритети ја препознаваме како огромен потенцијал за социјална интеграција и работно интегрирање на ранливите групи на граѓани на пазарот на трудот,” рече Тренчевска и додаде дека министерството работи на Закон за социјални претпријатија кој ќе ги уреди основните карактеристики на социјалните претпријатија, начелата и заедничките вредности на делување.

Министерката зборуваше и за реформите во областа на социјалната вклученост и заштита. Во таа насока се осврна на социјалната помош која е редизајнирана во Гарантирана минимална помош, со цел да се задоволат минималните егзистенцијални потреби за сите што немаат доволно средства за живот. Потоа инвестиции во детската заштита и обезбедување на поголема пристапност во предучилишно воспитание. Успешното спроведување на Националната стратегија за деинституционализација 2027 година лицата со попречност. Како резултат на тоа, нема деца и млади во ниту една од резиденцијалните социјални установи. Согласно со Законот за социјална заштита е воспоставен систем на лиценцирање на даватели на социјални услуги. Досега лиценцирани се над 80 даватели на социјални услуги (здруженијата на граѓани и приватните субјекти), кои можат да ги користат над 2700, претежно стари лица, но и лица со попреченост, деца и нивните семејства.

„Верувам дека, како и досега, така и во иднина ќе продолжиме со справување и надминување на предизвиците што доаѓаат со трансформацијата на економијата и пазарот на трудот, зелената транзиција, дигиталната транзиција, инвестициите во децата и младите и обезбедување вистински пристап до социјална интеграција и можности за просперитетен живот за сите наши граѓани,” порача Тренчевска.

Во продолжение на денешниот ден, дел од учесниците на делегацијата на РСМ ќе имаат презентации кои се однесуваат на подрачјето Трудово право.

Tags: БриселМТСПТренчевска
Next Post

Приведен криумчар на мигранти, во „ауди“ пронајдени 11 лица мигранти

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk