ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кандидатката за премиер на Бугарија Марија Габриел претстави 10 приоритети на нејзината евентуална влада

May 11, 2023 10:21
in ДЕНЕС, РЕГИОН
фото: БТА

фото: БТА

Share on FacebookShare on Twitter

„Првата работа што ќе ја направи министерот за правда во мојата влада е да поднесе барање до Врховниот судски совет (ВСС) за ослободување од должност на главниот обвинител Иван Гешев поради нарушување на угледот на судството. Ова го изјави кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС Марија Габриел во Народното собрание пред својата пратеничка група.

– Стојам со чувство на гордост и чувство на скромност затоа што вие ме познавате“, изјави Габриел. Таа додаде дека денеска се соочува со „чувство на одговорност“.

– Денеска мојата прва порака е да работиме заедно за иднината на Бугарија и за највисокиот кредитен рејтинг – трите А“, рече кандидатката за премиер Габриел.  Таа објасни дека првото А е амбиција да се создаде силен менаџерски тим, второто А е авторитетот на Бугарија во Европа и третото А е ангажман кон народот.

Таа наведе и 10 приоритети на кои ќе работи евентуалната влада со првиот мандат, пренесува БТА. Според неа, клучен збор во формирањето на идната влада би бил „дијалог“. Под број еден би било претставување план за излез од политичката криза и работна влада, нормализирање на работата на институциите. На второ место Габриел посочи на стабилизација на јавните финансии и усвојување на буџетот. Како трет приоритет таа ги издвои реформите во правосудството, донесувањето на основните закони, механизмот за истрага на јавниот обвинител (..) – Работите не треба да застанат тука, туку да се дојде до уставна реформа, коментира таа.

Потоа најави дека доколку стане премиер ќе бара оставка од Иван Гешев. Инаку, како што пишува бугарски Медиапул, ГЕРБ за првпат го споменува предвременото ослободување од должност на главниот обвинител, кого досега го бранеше.  Во моментов, главниот обвинител може да биде разрешен само со одлука на Врховниот судски совет (ВСС), освен ако не поднесе оставка. Сегашната постава покажа дека ова е тешка задача за остварување. Најпрво Јаанаки Стоилов како вршител на должноста министер за правда започна ваква постапка, потоа Надежда Јорданова побара од ВСС да се испита работата на Иван Гешев, но истата беше одбиена.

Таа како нејзин приоритет го истакна прифаќањето на Бугарија во еврозоната и Шенген зоната, пренесува БТА.

Меѓу приоритетите претставени од кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС се справувањето со инфлацијата и растот на цените, јасно гарантирање на енергетската безбедност на земјата, надминување на доцнењето на оперативните програми, подобрување на безбедноста на бугарските граѓани, надминување на домашниот криминал, „ војната на патиштата“, справување со миграцијата и модернизирање на војската. Осмиот приоритет што го посочи Габриел е забрзување на учеството на Бугарија во проекти поврзани со модернизација на земјата – во областа на науката, образованието и културата, во секторите со транзиција на зелена енергија и дигитализација на јавниот сектор.

Инвестициите во младите се клучни за модернизацијата на државата, тоа значи модерно и иновативно образование, давајќи им повеќе можности на младите, коментира Габриел.

Надминувањето на регионалните диспаритети преку насочени акции за стимулирање на вештините, според потребите на пазарот на труд, е исто така меѓу приоритетите што ги презентираше Марија Габриел.

Заштитата и подобрувањето на здравјето со ефективна здравствена политика е десеттиот приоритет што го посочи кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС.

Tags: бугаријаВладаМарија Габриел
Next Post

Извештај: Поради војната и природните катастрофи рекордни 71 милион луѓе интерно раселени во 2022 година

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk