ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не треба и не смее да има медиумски простор за криминалци

May 11, 2023 16:33
in PMD, АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Јутуб „инфлуенсерот“ Стефан Лазаров пред две недели направи интервју со контроверзниот српски криминалец, Кристијан Голубовиќ, од кого бараше во детали да му ги раскаже кривичните дела кои ги направил – како се пресметувал со „најлошите Албанци“ во и вон затворот, која е разликата меѓу криминалците во 90-тите и денешните криминалци…

Лазаров стана актуелен откако доби кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку содржините на неговиот Јутуб канал, односно кога неговиот гостин Латас „лабаво си раскажуваше“ како тој и неговите другари на 15 годишна возраст групно силувале девојка во „Фичо“, откако првин едниот од нив ја натепал. За тоа време, јутуберот Лазаров  хистерично се смееше.

Граѓаните, особено најмладите, имаа прилика да слушнат и да се восхитуваат на „херојството“ на Голубовиќ, за неговото учество во војната во 2001 година во Македонија во, како што ја нарекува „специјална операција против терористите на УЧК“, за начинот на извршување на неговите (зло)дела, за тоа дека првото кривично дело го извршил на само 13 години кога со нож избодел некој возрасен маж со повеќе убоди. Раскажува и дека со чекан „отворил“ нечија глава и пукал во луѓе, ликвидирал „ш*****и“ ама дека „не се сеќава“ на тоа, секако, за да избегне судски прогон.

„Со оглед на тоа кого го ‘работев’ не жалам. Еднаш влегов во еден стан, таму спиеја четири лица… станот го обив со бајонет. Тоа стои во архивите на германската полиција. Таму затекнав четири лица кои претходната вечер пукаа на мене и мојот татко. Јас на еден му дојдов и му ја разнесов ногата со пушка. Него едната нога му отпадна, потоа земав чекан и го удирав по главата, рацете и телото“, вели тој.

Голубовиќ во неколку наврати го пофали Легија, убиецот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Исто така се пофали дека се познава со цело српско подземје како и со Веjко Беливук (Веља Невоља), кој беше уапсен за грозоморните убиства и ликвидации за кои своевремено имавме прилика да следиме во медиумите.

Ова „едукативно“ интервју е направено само неколку дена пред да се случат масовните убиства во Србија.

А, три месеци претходно, со истиот лик од подземјето, интервју направи и македонскиот портал Република.

Голубовиќ и во двете интервјуа се пофали дека учествувал во војната во 2001 година, но досега нема ниту демант ниту потврда од надлежните институции.

Дали вакви криминални ликови треба да им бидат пример и идоли на нашите млади?! Дали јутуберот Лазаров, откако направи интервју со Латас (за кое има кривична постапка) и Голубовиќ, следни на список на неговиот подкаст дали ќе бидат Веља Невоља, малиот убиец Коста или Урош…? Па да ги прашува во живо како убиваа, мелеле луѓе, откинуваа глави!?

Можеби совеста и етиката нема да проработи кај некои ликови кои профитираа(т) од страдањата на луѓето, но затоа мора институциите да проработат!

Не треба и не смее да има медиумски простор за криминалци, лица со сомнително поведение, насилници, силувачи, националисти, нео-нацисти, хомофоби, расисти и други екстремни ликови, затоа што младите нема што да научат од таквите ликови.


Текстот е личен став на Авторката. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CIVIL Media
Tags: криминалцимедиумски простор
Next Post

Папата апелира за проширување на каналите за безбедно движење на мигрантите

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk