ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ОПРЕДЕЛЕН ПРИТВОР: ЈО со наредба за истрага за четирите лица поврзани со запленетиот кокаин во Грција

May 11, 2023 12:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера во текот на попладневните часови, донел наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Според наводите во кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, постои основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од КЗ.

Како резултат на повеќемесечна соработка и размена на информации со Директоратот за борба против дрога од Солун, Република Грција, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, е утврдено дека од почетокот на 2022 година до 08.05.2023 година, осомничените, како членови на меѓународна криминална група, заеднички делувајќи со грчки и албански државјани, организирале неовластена набавка и пренесување на кокаин од Еквадор, Јужна Америка до Солун. Притоа, секој од членовите имал своја улога при набавката, пренесувањето и складирањето на наркотичната дрога.

– Првоосомничениот, со цел неовластена набавка и пренесување на наркотичната дрога кокаин, на почетокот на 2022 година остварил средба со второосомничениот. На средбата било договорено второосомничениот да биде основач и управител и да регистрира правно лице со дејност увоз-извоз во кое целокупното работење ќе го извршува првоосомничениот, а на второосомничениот ќе му исплаќа паричен надомест од 50.000 денари месечно. Второосомничениот, согласно договорот, на крајот на јануари 2022 година основал правно лице кое во јуни истата година се јавува како основач на ново правно лице со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет. На почетокот на оваа година, второосомничениот, по инструкции на првоосомничениот, уплатил 19.000 долари на правно лице од Еквадор за набавка на 1080 пакети банани, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во договор со првоосомничениот, засега непознати лица во Еквадор, ја сместиле наркотичната дрога кокаин во контејнер и заедно со уште два контејнери преку пристаништето Болвар – Еквадор и ги испратиле кон пристаништето во Солун. Откако, на почетокот на овој месец, пратката пристигнала на солунското пристаниште, појаснуваат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, првоосомничениот за транспорт на контејнерот го ангажирал правното лице каде четвртоосомничената била управител. Таа ја изготвила комплетната документација, а третоосомничениот со товарно моторно возило требал да го пренесе контејнерот со наркотичната дрога од пристаништето во Солун до Р.С.Македонија.

На 08.05.2023 година, по предходно добиени инструкции од првоосомничениот, третоосомничениот го презел контејнерот и се упатил во магацин во близина на Солун, каде го паркирал товарното моторно возило.

– Од засега непознати лица наркотичната дрога кокаин била претоварена во комбе кое набргу потоа било запрено од страна на Директоратот за борба против дрога-Солун. Во комбето се пронајдени 104 килограми и 644 грама кокаин, а во спроведената акција во Р.Грција од слобода се лишени седум грчки и тројца албански државјани, стои во соопштението.

Покрај наредбата за спроведување на истражна постапка, јавниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, вчеравечер до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените. Судијата на претходна постапка делумно го прифати предлогот на обвинителството и на двајца осомничени со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на двајца осомничени им определи мерка куќен притвор.​

Tags: ЈОпритвор
Next Post

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија обезбеди вредна платформа за размена на знаење и искуства

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk