Резултатите од најновата анкета на Австриското друштво за европска политика (ОГфЕ) покажуваат дека Австријците, за разлика од нивните политичари, се против членството земјите од Западен Балкан во Европска Унија.
Мислењето на австриската јавноста за членство на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија во ЕУ не покажува големи осцилации.
Дваесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат членството на Северна Македонија во ЕУ, а против се 47 отсто.
Поддршката за членството на Албанија во Унијата изнесува 22 проценти, а 51 отсто од Австријците се против.
Австријците не гледаат благонаклоно ниту кон членството на Косово во ЕУ, за се изјасниле 16 проценти од испитаниците, додека поддршката за Босна и Херцеговина изнесува 29 отсто.
Анкетата покажува дека Србија има 24 проценти поддршка, а Црна Гора еден отсто помалку.
Резултатите покажуваат дека најмала поддршка има Турција, за нејзино членство во ЕУ се изјасниле само осум проценти.
ОГфЕ од 2010 година спроведува истражување на јавното мислење за пристапот на Западен Балкан и Турција, а сега во истражувањето се вклучени Украина, Молдавија и Грузија.
Анкетата покажува дека за Украина 24 отсто, за Молдавија 22 проценти, а за Грузија 17 отсто.
Во анкетата беше поставено и прашањето за проширување на Шенген зоната со Романија и Бугарија. Само 38 отсто од анкетираните би ја прифатиле Бугарија во Шенген зоната, а 36 отсто би ја прифатиле Романија.
– Официјална Австрија одамна се гледа себеси како убеден поддржувач на проширувањето на ЕУ, особено кога станува збор за влезот на државите од Западен Балкан. Сепак, населението традиционално има поинакво мислење за ова прашање. Јавното мислење е поделено по ова прашање и тоа е одраз на политичкиот дискурс. Консолидацијата на Унијата и решавањето на акутните проблеми во јавноста има јасна предност во однос на понатамошното, поголемо проширување на ЕУ, истакна генералниот секретар на ОГфЕ. Пол Шмит.
Анкетата е спроведена од 11 до 13 април при што се испитани 1.000 граѓани на возраст од 16 до 80 години.