ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рикер: САД ќе и помагаат на С. Македонија во борбата против дезинформациите

May 12, 2023 08:43
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меморандумот за разбирање што неодамна во Вашингтон го потпишаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот Џејмс Рубин со кој ја дефинира соработката меѓу двете држави во борбата против манипулациите и дезинформациите е многу важен, стратешки документ. Фокусот е на одбраната на Северна Македонија и САД, како сојузници во НАТО, вели поранешниот американски амбасадор во Скопје и помошник – државен секретар Филип Рикер во интервју за Гласот на Америка.

– Многу сме горди што ја имаме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Секретарот Блинкен го подвлече тоа на средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Еден аспект на одбраната е дека сајбер-безбедноста е заштита од дезинформации. Живееме во ера на технологија што го прави многу тешко секогаш да се дојде до вистината, до фактите. Ова е нешто што НАТО го сфаќа многу сериозно. Сите земји во регионот се соочуваат со некои од истите предизвици. Ние сме многу свесни за дезинформациите што ги објавува Путин и Русија. Тоа го гледаме многу години. Тоа го знаеме овде, во САД. Знаеме за манипулација со социјалните медиуми, со други медиуми, со дезинформации. Мислам дека е одлично што специјалниот пратеник Џејмс Рубин можеше да патува во регионот, вклучително и во Северна Македонија во април. Имаше средби, а со посетата на премиерот овде на Вашингтон, беше одлична можност прв да потпише еден од овие договори, што само ќе им овозможи на нашите две влади да работат заедно за да се справиме со предизвикот на дезинформациите во оваа ера на современи медиуми, вели Рикер.

Прашан дали е загрижен поради напорите на Русија да шири дезинформации за да ја поткопа демократијата и националната безбедност, особено во Македонија, Рикер истакнува дека е видливо влијанието на делот од пристапот на Москва да се обиде да создаде не само дезинформации, туку и немир.

– Тоа е дел од руските проекти за дестабилизација. Дел од тоа да се биде сојузник на НАТО е сите да работиме заедно и да се обидеме да се бориме против тие аспекти. НАТО е одбранбена Алијанса и е фокусирана на заштита на своите земји-членки од овие видови на деструктивни елементи, вели Рикер.

За тоа како може САД да ѝ помогнат на Македонија да се справи со руското влијание и ширењето дезинформации, тој посочува дека тоа е работа на специјалниот пратеник Рубин, кој раководи со Центарот за глобален ангажман во Стејт департментот, кој функционира под државниот секретар Блинкен.

– Ззаедно можеме да ги разгледаме напорите кои можат да помогнат во борбата против видот на дезинформации кои им помагаат на медиумите да се уверат дека се фокусирани на вистината. Да ги имаат фактите и да не бидат убедени во спротивното преку социјалните мрежи или други напори од Русија на Владимир Путин или други кои сакаат да нарушат и во регионот, вели Рикер.

Тој смета дека Северна Македонија треба да го продолжи патот кон ЕУ и да ги изоди потребните чекори како што беше и во случајот со зачленувањето во НАТО, за што има поддршка од САД.

– Мислам дека е извонредно што Скопје ги започна разговорите со Брисел во однос на пристапните преговори. Очигледно има некои чекори на патот што треба да се изодат, што, пак, иако САД не се дел од Европската унија, се разбира, долго го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ. Кога бев во американската влада, тоа секако го правев во Брисел, меѓу членките на Европската Унија. Северна Македонија презеде големи реформи за да продолжи на тој пат, исто како што направија за членството во НАТО. Бев многу горд кога успеавме конечно да ја видиме Северна Македонија и како 30-та членка на НАТО во 2020-та, изјави Филип Рикер

Tags: дезинформацииМакедонијаРикерСАД
Next Post

Променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер

Најново

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk