На посетите на компаниите кои ги поддржуваме преку Законот за финансиска поддршка на компании сум среќен кога ќе не пречека сопственичка како Аница од компанијата „Еко – груп“ во Кавадарци, млада компанија која брзо се развива под водство на Аница, објави на Фејсбук вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Тој нагласи дека „жените претприемачки креираат успешни компании кои носат развој, компанијата „Еко-груп“ е пример и доказ за тоа“.
„Последните статитстики покажуваат дека сè уште околу 50% од жените во нашата земја се надвор од пазарот на труд. Денеска ова го пишувам за да се инспирираме, да ги покажеме добрите примери и да ги охрабрам сите жени. Потребни сте на пазарот на труд, потребни сте на менаџерски позиции каде што се носат одлуки, потребни сте со вашите иновативни идеи да креирате стартапи и да основате компании. Поддршката ја имате и секогаш ќе ја имате, сите заедно ќе креираме успешни приказни, кој ќе бидат дел од нашата“, потенцира Битиќи.