ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓаните ќе можат да добијат уверение за државјанство на е-маил и мобилен телефон

May 16, 2023 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Започнуваме со процесот на дигиталната трансформација на услугите за граѓаните во однос на издавање на уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма. Притоа, граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– За таа цел, како МВР донесовме Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат. Притоа, работни тимови од Одделот за информатика и телекомуникации и Одделот за граѓански работи во соработка со МИОА, овозможија преку Националниот портал за електронски услуги, барањето да се реализира преку е-маил адреса или паметен телефон. Барањето се поднесува во лично име и за свое малолетно дете, а услугата е достапна на веб-сајтот www.uslugi.gov.mk, лични документи и исправи, државјанство. Барање може да поднесе лице кое има државјанство на Република Северна Македонија и е регистрирано на порталот за е-услуги, преку Системот за единствена најава (СЕН), односно Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронски услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливи услуги, појасни министерот.

Тој информираше дека досегашниот начин на издавање на уверение за државјанство во хартиена форма, ќе продолжи да се издава на досегашниот начин – лично или со полномошно на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи, независно каде лицето има пријавено живеалиште.

– Како Министерство за внатрешни работи, продолжуваме со дигиталната трансформација на процесите и услуги и во наредниот период, а со цел да обезбедиме брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор. Ова е еден важен аспект од процесот на евроинтеграциите, бидејќи така ќе се подобри и квалитетот и ефикасноста во обезбедување на услуги за граѓаните. Притоа, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите. А, воедно би споменал дека претставува една успешна алатка во борбата против корупцијата, подвлече министерот.

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу рече дека тука се за да објават дигитални услуги во коишто МИОА, врз основа на програмата и Националната стратегија за дигитална трансформација на државата, почнува да ги промовира дигиталните услуги што ги имаат развиено заедно со министерства и други институции, каде нудат сервиси за граѓаните.

Како што посочи тој, тие сметаат дека преку дигитализација ќе ги подобрат услугите кон граѓаните, што ќе бидат во реално време и исто така, ќе го намалат влијанието на администрацијата.

– Ние како МИОА веруваме дека преку процесот на дигитализација, исто така, ќе овозможиме нашите граѓани во реално време да дојдат до сервиси коишто им се потребни. Целта на МИОА е до крајот на 2023 година да дигитализира над 150 дигитални услуги коишто ќе бидат услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk. Исто така, сакам да ве информирам дека преку Агенцијата за дигитализација која што ќе биде амбрела на ниво на државата за процесите на дигитална трансформација овие услуги ќе може и понатаму да бидат потполно дигитализирани во коишто факторот човек ќе биде занемарен, додаде Алиу.

Tags: државјанствое-маилмобилен телефон
Next Post

Бочварски од Црна Гора: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk