Доајенот на македонското новинарство, Зоран Иванов, во своето обраќање на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, вели дека со национализмот мора да се расчисти, истакнувајќи дека секој треба да си го исчисти својот двор.
„Секој треба да го чисти својот двор. Недозволиво е интелектуалци, новинари, професори, асистенти, јавни личности и луѓе кои настапуваат јавно, Албанци да не говорат за албанскиот национализам и шовинизам, Македонците да не го сторат истото. Главно меѓу Албаниците и Македонците, простете, така и јас како граѓанин ја чуствувам таа тензија, вели Иванов.
Тој истакнува дека тука, сè уште не е решено, уште многу треба да се решава.
Жално е што многу интелектуалци, многу јавни личности и медиуми се спомнуваа и се користат за пропаганда, потенцира Иванов.