ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски на Совет на Европа: Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот, демократијата и човековите права

May 16, 2023 23:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

„Чест ми е што денес присуствувам на Самитот на лидери на Советот на Европа. Овој Самит доаѓа во еден исклучителен момент кога фундаменталните вредности на кои почива Советот на Европа, а тоа се демократијата, владеењето на правото, посебно на меѓународното право, заштитата на правата на луѓето се доведени во прашање после воената инвазија на Русија над Украина, изјави премиерот Димитар Ковачевски, денеска во рамки на учеството на Самитот на Советот на Европа, во Исланд, информираат од Владата.

Тој нагласи дека „Северна Македонија како земја која што секогаш ги негувала и која секогаш ги застапувала овие фундаментални права е дел од овој Самит и јас ќе учествувам во дебатата утре како и на округлата маса на која што е тема токму владеењето на демократијата, унапредувањето на демократијата меѓутоа и начинот на кој да и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода, за правото на самоопределување на граѓаните на Украина да имаат своја држава која што ја уредуваат според нивните демократски принципи“.

Премиерот Ковачевски при пристигнувањето во Рејкјавик беше пречекан од премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Како дел од делегацијата која што ја предводи премиерот е и Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

На четвртиот Самит на Совет на Европа кој годинава се одвива во Рејкјавик, лидерите ќе разговараат на теми кои се однесуваат на мирот и почитувањето на човековите права, особено во овие тешки времиња кога во Европа не е нападната само една држава, туку се нападнати демократските принципи и вредности на меѓународниот поредок.

Целта на Самитот е да се обединат земјите членки кон принципите за демократија, обезбедувајќи јасно заедничко разбирање за тоа како ја обезбедуваме и зајакнуваме демократијата во Европа.

 

Tags: Димитар КовачевскиИсландСовет на Европа
Next Post

„Во Цут“ – изложба 2021/2023

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk