Не е точно тоа што го говори Мицкоски, вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ ги тепаше студентите, на плоштад, по библиотеки и студентски домови. Тоа добиваа студентите од ВМРО-ДПМНЕ, непочитување и ќотек, реагираат од СДСМ.
„СДСМ обезбеди субвенциониран студентски оброк и ја зголеми дневната сума којашто дополнително ќе се усогласува и со инфлациската стапка.
Студентскиот оброк, за прв пат воведен пред две години од страна на СДСМ.Христијан Мицкоски е познат по тоа што многу често лаже, нема став и целосно е во заложнитво на Апасиев.
Исто така Мицкоски е познат и по тоа што не се огради за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот шеф Никола Груевски.
Тоа јавноста, граѓаните го видоа и слушнаа и денеска од Куманово“, се наведува во соопштението од СДСМ.