Три лица се повредени како резултат на руски ракетен напад врз киевскиот кварт Соломјански во текот на ноќта во вторникот, изјави утрово градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, кој ја објави веста на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Според привремените извештаи, три лица се повредени во областа Соломјански. Во областа Оболонски, каде паднаа остатоците, никој не е повреден“, истакна градоначалникот на Кијив.
Државната служба за вонредни состојби на Украина објави фотографии на кои се гледаат последиците од нападите на Кијив
„Кијив. Додека чуварите на небото не штитат од непријателските проектили, спасувачите се секогаш во близина. Ви благодариме, невооружени херои, за вашата несебична работа! објави на Фејсбук, Серхи Крук, шефот на Државната служба за вонредни состојби.