Конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ ја отвора претседателот на државата, Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски.
Со свои говори ќе се претстават и четири градоначалници: Билал Касами, Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Висар Ганиу.
Меѓу речиси 20 говорници се и низа претставнички и претставници на експертската и академската заедница, граѓанското општество и медиумите. Ќе говорат: заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, универзитетската професорка Ана Чупеска, Зоран Иванов, Љубиша Николовски, Петрит Сарачини, како и ЦИВИЛ-ите Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев и Џабир Дерала. Модераторка на настанот е Дијана Тахири.