Белгија е подготвена да ги обучува украинските пилоти за летање со борбени авиони Ф-16, соопштија од кабинетот на премиерот на Белгија, пренесува TopNews.
Како што е соопштено, претседателот Володимир Зеленски разговарал за прашањето за Ф-16 со премиерите на Белгија и Холандија, Александар Де Кро и Марк Руте.
„За време на самитот во Хаг претходно овој месец, прашањето за Ф-16 беше разговарано и за време на состанокот меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот. Рековме дека не можеме да снабдуваме авиони, но можеме да обучуваме пилоти“,соопштуваат од кабинетот на белгискиот премиер.
Како што е соопштено, шефот на кабинетот на украинскиот претседателот, Андриј Јермак, рече дека премиерите на Обединетото Кралство и Холандија, Риши Сунак и Марк Руте, ќе работат на создавање меѓународна коалиција на борбени авиони за Украина.
Подготви: Ј. Ѓ.