ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

May 17, 2023 10:35
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, се одржа свечено затворање на Лига Центар 2023 и со финален натпревар во ракомет се одбележа крајот на училишните спортски натпревари што се реализираат од минатата година.

На настанот присуствуваа деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец во ракомет, Наумче Мојсовски, селекторот на млада фудбалска репрезентација
до 17 години и поранешен фудбалер и тренер, Вујадин Станојковиќ, претставник од Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Ѓорѓи Чековски, поранешен репрезентативец и актуелен тим-менаџер на сениорската кошаркарска репрезентација и Едина Муса, кошаркарка и советничка во Општина Центар.

Општината ги награди најдобрите училишни тимови и најдобрите играчи на натпреварите во Лига Центар 2023 со пехари, медали, дипломи и парични награди, Фудбалската федерација на Северна Македонија донираше спортска опрема за наставниците по спорт во сите основни училишта во Општина Центар, а беа доделени и спортски реквизити од Федерациите и Агенцијата за млади и спорт.

Спортските игри Центар 2023 традиционално се организираат и се реализираат под покровителство на Општина Центар. Учениците се натпреваруваат во лига-систем по Бергеров модел во повеќе дисципини, односно кошарка, фудбал, ракомет, одбојка, крос, пинг-понг и во
други спортски активности. Општината ги наградува наставниците со 5.000 денари, а за освоено прво, второ и трето место по спортска дисциплина се добиваат парични надоместоци од 10.000, 8.000 и 6.000 денари, додека најдобрите играчи и стрелци на натпреварите се стипендираат со 3.000 денари во период од осум месеци.

Општината дава поддршка за развој на спортот и негова промоција во разни спортски дисциплини. Покрај спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Tags: Лига Центар 2023
Next Post
Фото: ДИК на Црна Гора

За изборите во Црна Гора поднесени 17 листи, меѓу кои и „La casa de papel“

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk