ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еквадорскиот претседател издаде указ за распуштање на парламентот

May 17, 2023 16:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо денеска со Указ го распушти парламентот, со што го забрза процесот на спроведување парламентарни и претседателски избори, пренесуваат британските меидуми.

Тој го направи овој потег само еден ден откако ги презентираше аргументите на својата одбрана поврзани со процесот за отповикување од функцијата што го иницираше опозицијата.

Ласо е обвинет дека е политички одговорен за наводната проневера поврзана со договор за снабдување со нафта меѓу државната компанија „Флопек“ и една приватна фирма.

Шефот на државата ги отфрла спорните обвинувања, посочувајќи дека неговата администрација направила измени во договорот потпишан години пред тој да ја преземе функцијата. Според него, измените биле од корист за државата и се воведени по совет на државниот финансиски супервизор.

Повеќето пратеници ја поддржаа резолуцијата во која се вели дека Ласо дозволил договорот да остане на сила, иако тоа доведе до коруптивни практики.

За отстранување на Ласо од функцијата се потребни 92 гласа од 137-члениот законодавен дом. Вчера 88 пратеници гласаа за продолжување на процесот за импичмент на шефот на државата.

Уставот на Еквадор дава право за таканаречена „двонасочна смрт“. Под одредени околности, вклучително и ако законодавниот дом ја блокира работата на владата, шефот на државата може да распише парламентарни и претседателски избори.

Ласо сега ќе остане на функцијата уште шест месеци и ќе владее со укази, додека пратениците ќе го одредат датумот за изборите.

Tags: ЕквадорПретседателраспуштање парламентУказ
Next Post

Доделени дипломите на слушателите на Курсот за основни познавања на знаковниот јазик во Собранието

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk