ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Евроазиски „протекувања“ на санкциите од Западот кон Русија

Додека извозот од Европската Унија и Обединетото Кралство во Русија има нагло опаднато откако почна војната во Украина, извозот од ЕУ и Обединетото Кралство во Ерменија, Казахстан и Киргистан се има нагло зголемено. Ова говори дека санкциите делуваат, но далеку од совршено.

May 17, 2023 16:07
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БЕАТА ЈАВОРЧИК / PROJECT SYNDICATE

Промените во глобалниот трговски систем, особено заради продлабоченото Кинеско – Американско ривалство, се наоѓаат на насловните страници во последниве години. Додека поголемиот дел од вниманието е фокусиран на трендови како „friend-shoring”, „near-shoring” и „reshoring” на синџирите за снабдување, неодамнешните промени во шаблоните на прекуграничната Евроазиска трговија поминаа главно незабележани и покрај нивните импликации за ефективноста на Западните санкции кон Русија.

Овие санкции опфаќаат стоки кои би можеле да ,,придонесат кон подобрување на Руските индустриски капацитети”, вклучувајќи квантно – пресметувачки технологии, напредни полупроводници, чувствителна машинерија, стоки поврзани со транспорт, како и хемикалии. Тие исто така вклучуваат оружје, стока за користење во нафтената индустрија и поморска навигација и луксузни продукти.

Некои стоки се сметаат за ,,делумно” санкционирани, заради тоа што списокот на санкционирани стоки не се совпаѓа совршено со кодовите на продукти – повеќе од 6.000 вкупно – во стандардната трговска класификација. На пример, санкциите може да опфаќаат само производи со вредност над одреден праг – да речеме, ски одело кое чини повеќе од 300€ (330$) – или само некои продукти кои припаѓаат на одредена категорија, како што е пенливо вино. (Шампањот е предмет на санкции, но просекот не е, веројатно затоа што руските олигарси се очекува да се поголеми љубители на првото).

Прашањето е дали Русија ќе може да ги заобиколи Западните ограничувања и да пристапи до санкционираната стока. Постои добра причина да се мисли дека може.

Вистина, извозот од Европската Унија и Обединетото Кралство во Русија се има намалено за повеќе од половина откако земјата ја отпочна нејзината целосна инвазија на Украина минатата година, а падот е 80% пострмен за санкционирана стока отколку за несанкционирана. Но извозот од ЕУ и Обединетото Кралство во Ерменија, Казахстан и Киргистан, исто така, се има нагло зголемено, особено за продукти погодени од санкциите на ЕУ и Обединетото Кралство кон Русија. И овие три земји – сите членки на Евроазискиот царински сојуз, заедно со Белорусија и Русија – имаат зголемен извоз во Русија, особено извоз на – погодивте – продукти кои подлежат на санкции.

Иако овие промени не се доказ за нефер игра, тие сепак покажуваат дека некои санкционирани стоки го наоѓаат нивниот пат кон Рускиот пазар преку Евроазиска трговија во вид на рингишпил. Иако новите Евроазиски текови моментално сочинуваат само 5 до 10% од падот на директен извоз од ЕУ и Обединетото Кралство во Русија, овој удел се зголемува – и е веќе значително висок за десетици линии на продукти.

На пример, во раните месеци на санкциите (мај – август 2022 година), индиректната трговската размена преку Евроазија веќе надоместуваше 58% од падот на директниот извоз на возила со внатрешно согорување (тие со вредност која надминува €50.000 се санкционирани).  Тоа далеку повеќе од доволно компензира за падот на извозот на компјутери.

Исто така, има забележително зголемување на Евроазиска трговија со стоки кои се слични со санкционираните стоки. Ова може да значи дека некои трговски пратки намерно погрешно се класифицираат со цел да се избегнат санкции – практика често користена за избегнување на гранични даноци. На пример, рендген машина за индустриска употреба, која подлежи на санкции, може да се класифицира како рендгенска машина за стоматологијата, која може да биде слободно извезена. Европскиот извоз на пумпи и компресори – од кои само некои се санкционирани – за Централна Азија значително се има зголемено.

Трговската размена помеѓу Европа и Русија веројатно, исто така, се има пренасочено преку други земји. Извозот од Кина и Турција за Русија се има зголемено од средината на минатото лето, со оние од Кина, особено, вклучувајќи и голем број стоки санкционирани од Западот. Како што европскиот извоз на дизел камиони во Русија опадна за 102 милиони долари, кинескиот извоз на таквите камиони во Русија изнесуваше 362 милиони долари повеќе во мај-август 2022 година, во однос на просекот од 2017-21 година за истиот период. Слични трендови може да се забележат и кај други видови на тешка машинерија.

 Остриот пад на директен извоз од ЕУ и Обединетото Кралство во Русија сугерира дека санкциите функционираат до одреден степен. Но, секогаш ќе биде тешко совршено да се спроведат извозните санкции, поради неусогласеност на стимулациите. Владите учеснички сакаат сите други строго да ги спроведуваат правилата, но се подготвени да заземат потолерантен пристап кон сопствените фирми – феномен што потсетува на Студената војна. Истовремено, владите кои не учествуваат ја користат секоја можност за поттикнување на своите извозници.

Ако земјите кои санкционираат се обидат да го зголемат притисокот врз една транзитна земја, неминовно ќе се најде друга рута за избегнување на ограничувањата. Импликацијата е јасна: Ниту еден режим на санкции не е совршен. За да ја зголеми ефикасноста на своите мерки, Западот ќе треба да развие механизми за обезбедување на координирана акција.

Беата Јаворчик е главниот економист на Европската банка за обнова и развој. професор по економија на Универзитетот Оксфорд и член на All Souls College.

Превод: Наташа Цветковска 


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: The Eurasian Leaks in the West’s Russia Sanctions. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕвроазијаЕУОбединето КралствоРусијасанкции

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk