ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мапа на виножитото – поларизиран дискурс и унапредени права за ЛГБТИ луѓето

Северна Македонија на листата се наоѓа на 32 позиција со резултат од 29%, што е подобрување за 2 процентни поени во однос на минатата година. Препораките кои ИЛГА-Европа ги дава за подобрување на ситуацијата на ЛГБТИ+ луѓето во Северна Македонија вклучуваат усвојување правична и транспарентна правна рамка за правно признавање на родот, заснована на процес на самоопределување и ослободена од навредливи барања (како што се стерилизација, медицинска дијагноза, хируршка/медицинска интервенција, задолжителен развод или старосно ограничување).

May 17, 2023 09:42
in ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ИЛГА-Европа, независна меѓународна и чадор организација која собира повеќе од 600 организации од 54 европски и централноазиски земји кои работат на политичко-правни и општествени промени во регионот, објави редовно објавува годишен преглед на правата на ЛГБТИ+ нешто што се нарекува Мапа на виножитото. Скалата се движи од 0% што значи сериозни повреди на човековите права и дискриминација до 100% односно целосно почитување на човековите права и целосна еднаквост.

Најновиот преглед, открива дека јавниот дискурс станува сè пополаризиран и агресивен, особено против транс луѓето и транвеститите. Сепак, мапата покажува дека се исплати да се биде политички определен за да се унапредат правата на ЛГБТИ+ луѓето. Ова е забележано во земјите кои воведоа законско признавање на полот користејќи го моделот на самоопределување.

Така, Шпанија скокна за шест места со воведувањето на законското признавање на полот преку самоопределување и забраната за генитално осакатување на интерсексуалните лица. Финска исто така се искачи за шест места поради воведувањето на моделот на самоопределување, а Грција се искачи за четири места со забраната за осакатување на гениталиите.

Родовиот идентитет и сексуалните карактеристики се вклучени во законите за антидискриминација и против омраза во Белгија, Исланд и Молдавија, кои исто така забележуваат позитивно поместување во рангирањето. Молдавија забележува поместување од дури 14 места поради оваа законска мерка што ги опфаќа вработувањето, образованието, обезбедувањето услуги, здравството, говорот на омраза и криминалот од омраза.

Словенија и Швајцарија ги легализираа истополовите бракови и заедничкото посвојување, а Швајцарија дозволува и медицински потпомогнато оплодување за парови. Со воведувањето на посвојување за истополови двојки и посвојување од друг родител, Хрватска се искачи за едно место и сега е на 18 место (49%).

Малта (89%) е на врвот на листата осма година по ред, а потоа следат Белгија и Данска, и двете со 76%.

Евелин Паради, извршна директорка на ИЛГА, вели дека „европските политичари го возвраќаат ударот против реториката на омраза и антидемократските сили и се залагаат за човекови права и еднаквост на сите граѓани. Картата покажува дека напредокот за ЛГБТИ+ луѓето е можен и поважен од било кога. Би сакале да ги пофалиме оние политичари кои зазеле став за благосостојбата на сите во нашето општество и ги охрабруваме да се занимаваат уште повеќе со демократијата и човековите права, кои се под закана од екстремната десница“.

Во оваа глобална непријателска клима се најде и Полска, членка на Европската унија која е најниско рангирана, на 43. место. Годинава, пак, добива поени бидејќи ги укинаа хируршките интервенции за легално признавање на полот.

Скопје Pride

Да не ја заборавиме Србија, која падна за три места, а беше домаќин на EuroPride, парада која претседателот Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ се обидоа да ја забранат во последен момент. Турција, со сузбивањето на основното право на собирање на јавен простор, вклучително и јавните собири на ЛГБТИ+ лица, зазема место на дното на рангирањето со Азербејџан.

Северна Македонија на листата се наоѓа на 32 позиција со резултат од 29%, што е подобрување за 2 процентни поени во однос на минатата година. Препораките кои ИЛГА-Европа ги дава за подобрување на ситуацијата на ЛГБТИ+ луѓето во Северна Македонија вклучуваат усвојување правична и транспарентна правна рамка за правно признавање на родот, заснована на процес на самоопределување и ослободена од навредливи барања (како што се стерилизација, медицинска дијагноза, хируршка/медицинска интервенција, задолжителен развод или старосно ограничување).

Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација сексуалната ориентација и родовиот идентитет се дефинирани како дискриминаторски основи, а од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација истакнуваат дека минатата, 2022 година, најмногу случаи на дискриминација имало токму кон припадниците на ЛГБТИ заедницата, преку вознемирувачки говор кон нив најчесто преку социјалните мрежи.

Извор: ТРН.мк

Tags: ЛГБТИполаризиран дискурсунапредени права
Next Post

Без вода дел од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Центар

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk