Градоначалникот на општина Гостивар и претседател на партијата Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во интервју за Гласот на Америка во Вашингтон вели дека албанскиот јазик не треба да стои како проценти туку како еден јазик кој што и формално и правно се користи во државата.
Таравари вели приоритет на министрите од неговата партија во ресорите кои тие ги водат е да се намали корупцијата и да се зголеми довербата на граѓаните во правниот систем.
– Де факто и де јуре албанскиот јазик е јазик кој што се користи секојдневно во Македонија во сите институции. Целата филозофија која што ја дебатираме сега е дали ќе стои албански или ќе стои бројка дваесет проценти. Ние сметаме дека ова е момент кога нашите сограѓани Македонци и нивните претставници политичките партии ќе видат дека е стварно моментот да ја тргнеме таа бројка. Како што инсистирам и македонскиот јазик да се користи така како што треба кога се напаѓа од било која држава, така и албанскиот сметам дека не треба да стои како проценти туку само тие 20 проценти да се заменат со албански јазик, истакнува Таравари.