Досега во Украина како резултат на сеопфатната агресија на Руската Федерација загинаа 481 деца, а 977 деца беа повредени.
„До утрото на 17 мај 2023 година, повеќе од 1.458 деца беа убиени и повредени во Украина како резултат на целосна вооружена агресија на Руската Федерација. Според официјалните информации на обвинителите за малолетници, убиени се 481 дете. а повеќе од 977 деца се здобиле со повреди од различен степен на сериозност“, објави украинското Јавно обвинителство на Телеграм.
Овие бројки не се конечни бидејќи траат напорите за утврдување на жртви во областите на воените операции, на привремено заземените и ослободените територии, пренесува Укринформ.
Најмногу деца загинаа и се повредени во регионите Доњецк – 459, Харкив – 277, Кијив – 128, Херсон – 100, Запорижја – 90, Миколаев – 89, Чернихив – 70, Дњепропетровск – 70, Луганска област – 66.
Во вторникот, 16 мај, три деца на возраст од 7, 8 и 10 години беа повредени во руското гранатирање на селото Молодижне во регионот Херсон.
Подготви: Ј. Ѓ.