ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богоевски: Систем прилагоден на лица со попреченост е уште покорисен за лица без попреченост 

May 18, 2023 15:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Авторот Теодор Богоевски ја промовираше книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. Според Богоевски, кој е и советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за лица со попреченост, „приспособувањето и адаптирањето на општеството е сечиј интерес. Затоа што со инвестирање во пристапно општество инвестираме во својата иднина и иднината на нашите блиски. Прашањето за попреченост ги допира сите, затоа што никој не е поштеден од можноста уште денес да биде тој или некој близок со попреченост. 15 до 20 посто биле, се и ќе бидат лица со попреченост, тој факт е непобитен. Попреченоста се случува ненајавено, во дел од секунда за миг и тука не може ништо да се направи. Но тоа не е воопшто страшно, не е за поместување од стол, пу пу и не дај боже. Затоа што животот може да биде и квалитетен и исполнет и покрај попреченоста. Ама тоа зависи ИСКЛУЧИВО од пристапноста на општеството“.

Затоа, инвестирањето во пристапно општество, покрај превенција, носи и многу други бенефиции. На промоцијата, која се одржа во Музејот на современа уметност, се обратија и Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателка на Инженерската Институција на Македонија и актуелен проректор на УКИМ, професор д-р Христина Спасевска.

Претседателот Пендаровски рече дека „креирањето на амбиент во кој лицата со попреченост ќе ги имаат сите права, претпоставува и нивно партиципирање во политичкиот живот и секако, во процесите на одлучување. Би сакал само да истакнам дека покрај научниот, систематски и длабоко осмислен пристап на авторот, посебна тежина на делото му дава и фактот што како лице со попреченост Теодор Богоевски во неа суптилно ја вткајува и својата лична приказна, личните сведоштва, емоции и дилеми. Токму таа автентичност е дополнителна вредност на книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. Подобрувањето на положбата на лицата со попреченост нема да се оствари само со подобрување на легислативата или со подигнување на стандардите и нивно доследно имплементирање, ниту само со вклучување на лицата со попреченост во процесите на одлучување. За градење на вистински инклузивно, демократско и хумано општество неопходно е секој од нас да ја негува емпатијата, солидарноста и почитта кон овие наши сограѓани“.

Книгата на Богоевски е инспирација за секој од нас, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. „Неговата книга носи и животна вредност од посебна важност за сите нас, за да не потсети колку лицата со попреченост се инспирација за секој од нас, како и за тоа колку е важно тие да бидат активно вклучени во одлуките кои се однесуваат и влијаат на нив и нивниот живот. Преку научните согледувања во своето дело „Политичката партиципација на лицата со попреченост“, Тео ја издигнува важноста на положбата и правата на лицата со попреченост, кои во нашето општество последниве години стануваат се повидливи и погласни, што се должи, меѓу другото и на нашата посветеност за активен ангажман на овие лица, како што е тоа ангажманот на Тео во носењето на владините политики.  За мене ова дело претставува повик до сите нас да ги вложиме нашите напори и преземеме чекори за поголемо активно вклучување на лицата со попреченост во процесите од нивен интерес затоа што тие ја имаат уникатната способност да ги лоцираат системските бариери“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Образованието за лицата со попреченост стана важно прашање во последните децении, бидејќи бројот на лица со попреченост продолжува да расте, а пристапот до образовните можности останува нееднаков, вели Христина Спасевска, претседателка на Инженерската Институција на Македонија и актуелен проректор на УКИМ. „Според Human Rights Watch, во светот има стотици милиони луѓе со попреченост на кои им е скратено правото дури и на основно образование. Ова значи дека голем број лица со попреченост, поради неможноста да се школуваат, го губат и правото на квалитетно вработување и сопствена егзистенција. Конвенцијата за правата на лицата со попреченост има цел да го реши токму ова прашање, поставувајќи обврска државите да го почитуваат, заштитат и исполнуваат правото на образование на лицата со попреченост преку спроведување на „инклузивно образование“. Во суштина, инклузивното образование е пристап кој ги става сите ученици во иста средина и поттикнува нивна соработка заснована на почитување. На тој начин се обезбедуваат можности за учење кои одговараат на потребите на секој студент поединечно“, рече Спасевска.

Книгата ја рецензираапрофесорите Марика Ристовска, Марко Кртолица и Александар Спасеновски од Правниот факултет „Јустинијан Прима“ – Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БогоевскиКнигаЛица со попреченост
Next Post
Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Сателитските снимки од разурнатиот до темели Бахмут ги демантираат апсурдните изјави на Песков

НАЈНОВО

Војаџер 1 и 2, Фото: Генерирано со ВИ

ФронтКосмос VI: Патот и мистериите на Војаџер 1 и 2 – гласот на човештвото

October 12, 2025

Кац нареди ИДФ да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас

October 12, 2025

Локални избори во Косово – на гласачкото ливче има 93 политички субјекти – 32 партии

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 11 и 12 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk