ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев” – Гевгелија организира Саем на книгата 2023, на кој ќе се претстават издавачки куќи присутни во македонското издаваштво: Три, Антолог, Матица, Култура, Феникс, Паблишер, Божилак.
Саемот ќе биде поставен на платото пред Народниот театар во Гевгелија и ќе биде отворен од 18-ти мај (четврток) до 23-ти мај (вторник) секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот.
Книгите од македонските издавачи ќе бидат достапни по специјални саемски цени.