ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Сарацин и порача на опозицијата да не губи време и да ги прифати уставните измени до септември

May 18, 2023 12:46
in PMD, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалниот претставик на германската влада за Балканот Мануел Сарацин денеска во Скопје порача дека Северна Македонија е на вистинскиот пат да ја реализира својата стратешка цел, но во следниот период мора да се фокусира на обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, на владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата, за да ја задржи динамиката на напредок кон ЕУ.


Тој исто така нагласи дека како и досега Македонија ја има силната и принципиелна поддршка од европските партнери, но дека многу поважно е да имаме политички консензус и проактивност од сите политички партии за евроинтегративниот процес.

На средбата со вицепремиерот за европски интеграции Бојан Маричиќ ,Сарацин уште еднаш ги посочи германските позиции за проширувањето на ЕУ и за актуелните геостратешки настани во Европа и рече дека Германија е наш искрен партнер на патот кон членство во ЕУ и ќе се залага што поскоро да се случи обединувањето на регионот со ЕУ.

Од своја страна вицепремиерот Маричиќ рече дека владата е максимално посветена на процесот на преговори со ЕУ.
Оптимист сум дека нашите обврски како држава ќе ги исполниме во предвидениот рок. Почетокот на пристапните преговори се наш поттик за забрзување на интеграцијата и продолжување на реформите, со кои ќе им обезбедиме подобар квалитет на живеење за нашите граѓани. Очекуваме поддршка за забрзување на процесите кои ги правиме на евроинтегративниот пат од нашите пријатели во ЕУ. Не смееме да го пропуштиме моментумот, рече Маричиќ на средбата.

Мануел Сарацин се сретна и со пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
На средната пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски истакна дека пратениците од опозицијата не го менуваат ставот.
Тие на Сарацин му кажале дека според дел од истражувањата на јавното мислење, дури 85% од Македонците се против, како што вели, наметнатото барање за промена на Уставот.

Прашан за аргументите на германскиот претставник кој побарал ВМРО да гласа за уставните измени, но и пораката од високиот претставник на САД, Габриел Ескобар, кој кажа дека опозицијата треба да го поддржи европскиот пат на земјава, а не да дава поддршка на премиерот, Милошоски одговори:
„Триесет години Македонија прави отстапки, триесет години имаме емисари од многу европски земји коишто секогаш тврдат дека уште ова барање кое е последно треба да се исполни и утре станувате членка на ЕУ или почнувате преговори… Многу такви отстапки се направени, но дадените ветувања не се исполнети“, рече Антонијо Милошоски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Милошоски, за лицата од дипломатскиот корпус е многу полесно да нудат решенија, отколку граѓаните да ги прифатат. Сарацин ќе замине од земјавата без изјава за медиумите, но според информации од владејачкото мнозинство, тој им порачал на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат уставните измени до септември годинава.

Нова ТВ

Tags: опозицијаСарацинуставни измени
Next Post

Мејер: Вежбата „Брз одговор 23“ е одличен показател за посветеноста на Северна Македонија

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk