ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Сржта на националните политики и законодавство се еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност

May 18, 2023 12:28
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на пленарна седница на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика на која присуствуваа и министерот за образование и наука, Шакири, првиот советник и заменик раководител на оддел во Делегацијата на Европската Унија, Бого како и претставници на институциите, граѓанскиот сектор, социјалните партнери и донаторската заедница. Дванаесеттиот пленарен состанок е во насока на разгледување  на прогресот во имплементација на националните политики за вработување, социјална заштита и инклузија како и приоритетите од секторските политики за финансирање преку ИПА III помошта.

Министерката Тренчевска во своето обраќање истакна дека постигнувањето на консензус за реформите што се започнати и промените што треба да се направат на среден и долг рок, како и справувањето со актуелните предизвици е клучно да се спроведуваат низ инклузивен процес, дијалог и партнерство со релевантните чинители.

„Развојот на човечкиот капитал преку различни пристапи и можности и поддршката на младите на пазарот на труд, социјалната инклузија и целосната поддршка на лицата изложени на социјален ризик овозможуваат забрзан и одржлив економски раст и развој кон подобар животен стандард,” истакна Тренчевска.

Таа потенцираше дека сржта на националните политики и законодавство се еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност, а нивната имплементација е насочена кон создавање на праведна и одржлива економија, подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на најранливите категории на граѓани, а со тоа настојување за целосно искоренување на сиромаштијата.

„Новиот Закон за работните односи, изработен низ широк процес на учество и консултации на сите релевантни субјекти, има за цел да се унапреди правната рамка за заштита на правата на работниците и усогласи со директивите на Европската Унија и конвенциите на Меѓународната организација на трудот,” истакна Тренчевска.

Таа се осврна на зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени и кои имаат влијание врз подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот и конкуренцијата.

„Ефикасно функционирање на социјалниот дијалог на сите нивоа, политиките за вработување на млади, гаранцијата за млади, вработувањето на Ромите, долгорочно невработените, ниско-квалификуваните и лицата со попреченост се приоритетни цели во следниот период на делување на политиките на пазарот на труд,” посочи Тренчевска.

Министерката зборуваше и за реформите во областа на социјалната заштита и вклученост. Притоа потенцираше дека,  воведувањето на гарантирана минимална помош за оние граѓани кои немаат доволно средства за живот,  воспоставениот систем на лиценцирање на даватели на социјални услуги, процесот на деинституционализација и децентрализација на социјалните политики, инвестициите во детската заштита и обезбедување на поголема пристапност во предучилишно воспитание и грижа, се приоритетни цели за унапредување на состојбите и креирање можности за просперитетен живот за сите наши граѓани.

На крајот, министерката уште еднаш  истакна  дека спроведувањето на започнатите клучни реформи и иницијативи во областа вработување и социјална политика, а  се дел од започнатиот процес на претпристапни преговори и кои неодамна беа презентирани на  билатералниот состанок со Европската Комисија се од исклучителна важност за унапредување на националното законодавство.

Како особено значајни министерката ги  потенцираше координацијата, дијалогот и соработката на релевантните министерствата, институции, социјалните партнери, граѓански организации и развојните партнери кои се во насока на постигнување на високо ниво на споделена одговорност, оптимално искористување на ресурсите и остварување видливи резултати за граѓаните.

Пленарната сесија дванаесетта по ред, опфаќа презентации на извештајот за самооценка за спроведување на ИПА 2019 Секторскиот реформски договор „ЕУ за младите” и планираните проекти во рамки на ИПА 2024 Акцискиот документ „ЕУ за фундаментални права”, презентација на планираните акции и проекти во рамки на ИПА III 2024-2027 и Секторската оперативна програма „ЕУ за работни места и вработување”.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post
Фото: ЕПА

„Политико“: Шведската армија регрутира војници, отвора бази и набавува современа опрема

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk