Јапонија е подготвена да прими повредени украински војници во воената болница во Токио, изјави денеска висок член на јапонската владејачка коалиција, како дел од поддршка за Украина поради руската инвазија.
Тоа ќе биде првпат Централната болница на одбранбените сили да лекува странски војници, изјави претставник, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи договорот се уште не е објавен.
Деталите ќе бидат одлучени на состанокот меѓу јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада и украинскиот амбасадор во Јапонија Сергиј Корсунски во текот на денов, но најголемиот дел од трошоците најверојатно ќе ги сноси јапонската страна, рече претставникот.