ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Системско решение за платите во јавниот сектор е најдобро решение, кое ќе ги мотивира вработените и нема да се користи за политички цели

May 19, 2023 10:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Платите во јавниот сектор, ќе се решат со системско одржливо решение кое нема во иднина да остава простор за фрагментирани решенија во системот и користење за политички цели. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во Дневникот на МРТ.

„Станува збор за голема реформа која не може да се реши ад хок, туку ќе се решава системски  преку дијалог со Синдикатот како партнер во овој процес. Клучно е што со ова решение се сака да се надмине состојбата која создава парцијални решенија кои поттикнуваат незадоволства. Сега се обидуваме тоа да го надминеме, преку дијалог  во Економско социјалниот совет каде треба да дојдеме до најоптимално решение. Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение, решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор, вклучувајќи ги и вработените во Министерството за финансии и другите институции каде има разлики “, рече Бесими.

Тој истакна дека Владата дава  поддршка за решавање на ова прашање и дека системот што ќе се прифати ќе биде имплементиран во буџетот. При тоа напомена дека не станува збор за замрзнување на платите на вработените во јавниот сектор, напротив, како што рече, во изминатите години има раст на платите во обрзованието, безбедносните структури, судството, инспекторатите, здравството и други сфери вклучително во тековната година.

„Тоа ќе биде систем кој ќе се применува по сила на закон и нема да има потреба од преговори и нема да се користи за политички поени. Тоа е прашање кое ќе се реши на сличен пристап како и минималната плата, за која воспоставивме систем и сега веќе оваа година никој не го поставува тоа прашање. Минималната плата по сила на закон имаше раст во март оваа година и тоа ќе следи и во иднина”, рече министерот и додаде дека во рамки на дијалогот со синдикатите се блиску до утврдување на методологијата  по одржување на последниот состанок на Економско социјалниот совет”, рече Бесими.

Во интервјуто министерот се осврна и на најавеното издавање на граѓанската обврзница, за која рече дека нема негативно да влијае врз депозитите во банките и дека улогата на обврзниците е да придонесат во развојот на економијата. „Средствата од граѓанските обврзници се предвидени во Буџетот за 2023 година, и истите ќе се користат за финансирање на капитални проекти”, рече министерот и додаде дека засега нема промени во однос на проекциите за еконмскиот раст, дека се следи реализацијата, но дека неизвесноста доаѓа од развојот на состојбата во Украина и нејзиното влијание врз економијата во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер.

Tags: Бесимиекономијајавен секторплати
Next Post
Бојко Борисов

Борисов: Опција е и уставна влада

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk