Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција за стратешки комуникации, насловена „Медиумска писменост и справување со дезинформации-подготвеноста на институциите за одбрана од хибридни влијаниа”.
Конференцијата има за цел размена на мислења и искуства меѓу претставници на државни институции на земјите учеснички и набљудувачи на А5, претставници на медиумската и експертската фела за ефикасните мерки при справување со лажните вести и дезинформациите, како и важноста на мерките за подигнување на нивото на медиумската писменост на граѓаните, особено младите. Подготвеноста на институциите за справување со дезинформациите во социјалните медиуми, имајќи ги предвид слободата на медиумите и слободата на изразување исто така ќе биде во фокус на утрешниот настан.
На конференцијата воведни обраќања ќе имаат државниот секретар на министерството за надворешни работи, Филип Тосевски и Аугуста Филибин од Амбасадата на САД во Скопје.
Во првата сесија излагање ќе имаат Енди Карвин од Атлантскиот Совет,
Росана Алексовска од Ф2Н2, Билјана Петковска од МИМ и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.