ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

May 20, 2023 14:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Народна банка

Фото: Народна банка

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор  на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување  на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар).

Во заклучоците, како што информираат од Народна банка, се потенцира дека и покрај пандемијата и енергетската криза, банкарскиот сектор останува стабилен, односно високо капитализиран и ликвиден, со ниско учество на нефункционалните пласмани. Во оваа насока делува и воведувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот, a воведувањето на други дополнителни макропрудентни мерки би ги ублажиле потенцијалните ризици во однос на кредитирањето на недвижностите. Во заклучоците, се нагласува потребата од натамошно будно следење и соодветно реакција на политиката доколку е потребно, а со цел  одржување на ценовната стабилност на среден рок. За остварување на овие цели во заклучоците се наведува потреба од одржување и заштита на независноста на централната банка.

Во рамки на економскиот и финансискиот дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2023-25 година од страна на земјите кандидати, институциите на ЕУ даваат свој осврт и оценка на реформите во различни сфери на економијата и финансискиот систем. Оваа година, просечната реализација на препораките за нашата земја изнесува 48,6 отсто, што е подобрување во однос на лани (43,1 проценти) и воедно втор резултат во групата земји. Во рамки на препораките од доменот на работењето на Народната банка, препораката во однос на внимателно следење на инфлацијата и подготвеност за затегање на монетарната политика доколку е неопходно за одржување на среднорочната ценовна стабилност, е единствена пропорака за нашата земја која што е оценета како „целосно спроведена“. Препораката за натамошно подобрување на регулаторната рамка за банкарскиот систем е оценета како „значително спроведена“, согласно донесениот Закон за финансиска стабилност, како и очекувањето за донесување на Законот за решавање на банка

Вицегувернерката Емилија Нацевска ја претставуваше Народната банка на ЕУ дијалогот.  Во своето излагање, таа истакна дека креаторите на политиките се наоѓаат пред сериозни предизвици да управуваат со повеќе кризи кои се преклопуваат. Централните банки ја заменија долгогодишната олабавена со затегната монетарна политика. Притоа и нашата централна банка започна со постепено прилагодување на монетарната политика, соодветно на новите предизвици.

Зборувајќи за одговорот на Народната банка, вицегувернерката Нацевска истакна дека реакцијата на монетарната политика започна на крајот на 2021 година, најпрво преку интервенциите на девизниот пазар за зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот, а од април 2022 година и преку постепено но континуирано зголемување на каматната стапка на монетарните инструменти. Дополнителни мерки беа преземени и кај задолжителната резерва, насочени кон поттикнување на растот на заштедите во домашна, наместо во странска валута, а беа донесени и макропрудентни мерки за унапредување на отпорноста на банкарскиот сектор.

-Промената во монетарната политика влијаеше на условите на финансирање, ги стабилизираше очекувањата и придонесе кон забавување на инфлацијата“, посочува Нацевска и објаснува дека инфлацијата кај нас кон крајот на минатата година го достигна својот врв и оттогаш растот забавува. Годинава имајќи ги во предвид намалувањето на глобалните ценовни притисоци, како и затегнатите финансиски услови, се очекува инфлацијата да се стабилизира на 8-9 отсто, пред да се врати на историската „нормала“ од околу 2 отсто.

Вицегувернерката истакна дека и покрај постојаната појава на разни кризни ситуации, успешно е задржана стабилноста на курсот на денарот, кој е пак сидро и на ценовната и на финансиската стабилност. Едновремено, мерките кои ги презема Народната банка придонесоа кон поттикнување на штедењето во денари, со видливи ефекти во валутната структура кај штедните влогови од крајот на 2022 година наваму. 

Извор: МИА

Tags: банкарски секторинфлациски притисоцимакедонска економијаНародна банка
Next Post
Фото: Амбасада на САД во Албанија

Воената вежба „Бранител Европа 23“ почнува в понеделник во Албанија, со учество на 20 земји сојузнички и партнери

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk