Власта во Албанија го заострува односот кон насилниците во семејството и оние кои вршат кривични дела врз малолетници, објавија албанските медиуми.
Соочени со вознемирувачките бројки на насилство врз жените, предлог-законот што Министерството за правда го достави до Парламентот бара поддршка од пратениците, за да се укине правото на намалување на казната на сторителите на кривични дела во семејствата.
Според новата предложена измена, судиите законски нема да можат да одземат третина од казната, како досега, ако обвинетиот се согласи на скратена судска постапка во случај на семејно насилство, така што во иднина сторителот ќе мора да ја одлежи во целост, согласно законот.
Нема да има толеранција за убивање дете и казната ќе биде максимална – доживотна.
Ваквата промена во Законот за кривична постапка се предлага по националната консултација на која граѓаните побараа заострување на кривичниот закон.
Г. Т.