ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шефови на држави и влади во Европа кои се најдолго на власт

May 21, 2023 18:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најдолг стаж како државник меѓу актуелните европски шефови на држави и влади има претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој оваа функција континуирано ја извршува од јули 1994 година. Лукашенко својот прв претседателски мандат го започна со победа во вториот круг, а оттогаш уште петпати убедливо победува на претседателските избори, секој пат во првиот круг.

За да може да биде претседател повеќе од двапати, Лукашенко организираше референдум во 2004 година, на кој околу 80 отсто од белоруските гласачи гласаа за укинување на ограничувањето на бројот на претседателски мандати.

Позицијата број два на листата на најдолговечни европски државници суверено ја држи рускиот претседател Владимир Путин, кој е на власт подолго од кој било лидер на Русија по советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Путин владее со земјата, како премиер или претседател, континуирано од крајот на 1999 година, кога на изненадување на многумина тогашниот шеф на руската држава Борис Елцин го назначи за премиер. Веќе следната година Путин првпат стана претседател на Русија, беше реизбран во 2004 година, а во периодот од 2008 до 2012 година ја извршуваше функцијата премиер на Русија.

Тој се врати на позицијата шеф на државата по изборите во 2012 година, а актуелниот претседателски мандат, кој трае шест години, го започна во 2018 година. Слично како и Лукашенко, Путин најпрво ја иницираше промената на Уставот, а потоа и донесувањето на закон кој му ја отвори вратата уште два пати потенцијално да биде избран за претседател на Русија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој се бори за својот трет претседателски мандат, е еден од тројцата европски државници кои континуирано се на власт повеќе од три децении.

Основачот и лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП), која победи на парламентарните избори во 2002 година само една година по нејзиното основање, стана премиер на Турција на 14 март 2003 година. Оваа функција ја извршуваше континуирано до август 2014 година, кога стана претседател на државата.

Вториот претседателски мандат на Ердоган почна во 2018 година, а дали по трет пат ќе биде избран за претседател на турската држава ќе се знае по вториот круг од изборите што ќе се одржи на 28 мај.

Следен на листата е унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој по доаѓањето на власт помина еден период и во опозиција. Тој во опозиција беше осум години по завршувањето на неговиот прв мандат како премиер, кој траеше од 1998 до 2002 година. Орбан се врати на власт во 2010 година и оттогаш не ја испушта. Во мај 2022 година, четврти пат по ред беше избран за премиер.

Холандскиот премиер Марк Руте се наоѓа на оваа функција од 14 октомври 2010 година. Тој е првииот либерален премиер на Холандије уште од 1918 година. Владата на Марк Руте е малцинска со поддршка на Партијата за слобода на Херт Вилдерс.

Мајкл Хигинс е деветти и актуелен претседател на Ирска. Должноста претседател ја преземал на 11 ноември 2011 година по победата на претседателските избори во Ирска.

Доколку донеодамнешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ победеше на последните претседателски избори во таа земја, ќе беше убедливо прв на листата на европски државници кои најдолго се на власт.

Ѓукановиќ беше избран за премиер на Црна Гора првпат на 15 февруари 1991 година, на неговиот 29 роденден, па во тоа време беше најмладиот шеф на влада во Европа. Потоа уште шест пати беше на чело на црногорската влада, а во својата политичка биографија имаше и два мандата како претседател на Црна Гора.

Г. Т.

Tags: властдржавнициевропанајдолговечнипремиерипретседатели
Next Post

Излезни анкети: Нова демократија има предност, но нема да може да формира мнозинска влада

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk