Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Нема ли некоја згодна руска изрека за „висење заедно”, можеби така ќе ја погодел смислата на линч и бесење?
Вака, само останува изгубен во преводот на зборовите на Американецот Бенџамин Френклин. Да, да, Американец, комшике Перса Апасиевна, пази да не ти се исплетка јазикот во живата ограда долу, немој толку да се напнуваш на пенџерето да спростираш маици!
Hang together е работа на солидарност, а не линч. Овој со Френклин, другиов со Черчил само се надувуваат како мисири колку биле „знајни”, а ваму божем САД го мразеле… Абе одете покријте се со некое ќебенце, земете аспирин, оти бладате во грозница! Се знае каква!
Левица треба да си го отстрани од партијата, а најпрво од лидер. Апасиев ја минира Левица со грозниот речник.