Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими американскиот сенатор Крис Марфи.
На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина, како и за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија.
Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава придава особено значење во развојот на севкупната соработка со САД, во духот на стратешкото партнерство, како и во контекст на сојузништвото во НАТО.
На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката што САД ја даваат за европските аспирации на државите од Западен Балкан, во функција на обезбедување на траен просперитет на целиот регион.