ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ФОТО) Костадиновска-Стојчевска: Годинава Крушево станува регионален и европски културен центар

May 27, 2023 09:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со посетата на галеријата „Мартиноски“ и концертот на евергрини на Камерниот оркестар од Битола „Безвременска хармонија“, пред споменикот „Македониум“ во Крушево официјално почна манифестацијата „Град на културата 2023“.

На отворањето на манифестацијата, која оваа општина ќе ја реализира во текот на годината под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, пред присутните се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот Томе Христоски.

„Од денеска градот музеј на македонската историја, ќе биде центар и на македонската култура. Нашето убаво Крушево ќе биде „Градот на културата“, кој со богатата програма, ова живописно место, полно со природни убавини и спортски актракции, ќе го направи вистинско уживање за посетителите, но ќе привлече уште помногубројни гости“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера во Крушево на свеченото отворање.

Таа додаде дека културната понуда на Крушево ќе биде неисцрпна приказна која ќе води низ тесните улици и пространите предели во кои живее историјата со здивот на сегашноста.

Костадиновска-Стојчевска информираше дека во Крушево ќе бидат реализирани голем број културни активности, кои ќе го промовираат градот како културен и туристички центар не само во регионот туку и во Европа.

Таа потенцираше дека манифестацијата „Град на културата“ се реализира во соработка со Општина Крушево, и посочи дека само на тој начин, заедно може да се постигнат посакуваните резултати, да се добие побогата и поразновидна културна понуда во градот во кој, како што кажа, е содржан голем дел од идентитетот на македонската држава.

„Годинава овде ќе ја одбележиме и 120-годишнината од Илинденското востание, но ќе биде одбележан и Денот на ослободувањето на градот, наедно и на државноста, 8 Септември. Ќе ја славиме Крушевската Република, делото од светските каталози на архитектонско-уметничката двојка Грабулоски, песните на Тоше и староградските звуци, ќе имаме современи перформанси и гастрономски специјалитети, а сето тоа заедно ќе го направи Крушево културен и туристички центар и за целиот регион“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска рече дека културните активности во рамки на програмата ветуваат уживање:„ Затоа во Крушево треба барем еднаш да се дојде оваа година, за да ја проследи културната фузија на традиција и младост и да понесеме нови искуства кои ќе бидат темел на подобра иднина на нашето единственото Крушево“, додаде министерката за култура.

Градоначалникот Христоски, пак, рече дека факелот на културата пристигна во највисокиот град во државата и дека е големо задоволството што историското Крушево – градот на македонскиот непокор, ризницата на македонската култура и традиција – официјално станува домаќин на манифестацијата.

„Културата секогаш обединува, културата значи подавање рака на сите оние што творат и создаваат спомени. Крушево живее, се гради и променува! Заедно ќе го вратиме епитетот кој нашиот град го заслужува: Крушево, лулка на македонската култура! Културата е онаа што сите нè оплеменува. Многу често таа се заснова на традиции кои треба да ги негуваме, но и традиции кои ние треба да ги создадеме“, истакна Христоски.

Во рамките на манифестацијата, во Крушево во текот на целата година ќе се реализираат голем број настани на различни локации во и околу градот.

Реализацијата на програмата на проектот „Културен град“ е во соработка со локалната самоуправа и е од особено значење за зајакнување на културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво.

Поврзано:

Кардула со постер „На кафе во Крушево“ како поддршка за „Крушево град на културата 2023“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаГрад на културата 2023КрушевоТоме Христоски

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk