ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На Американците да им кажеш fuck off од чиста суета, треба да си глуп или некој од надвор дебело да те спонзорира

May 27, 2023 13:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Американската дипломатија од секогаш била моќна, затоа што зад зборовите стоеле други моќни алатки кои ги поткрепувале дипломатски срочените фрази. Оттаму и дипломатскиот вокабулар што го употребуваат официјалните претставници на американската администрација е најчесто директен, во очи, без завиени флоскули, особено кога ќе почувствуваат дека претходните „пораки“ не допреле до адресираниот.

Индикативно е што ваквиот начин на комуникација следува во ситуации кога „службите“ ќе проценат дека геостратешките интереси на САД на некој начин се загрозени или има тенденција на нивно денунцирање.

Неразумното опирање на македонската опозиција да ги поддржи уставните промени со што би се довел во прашање започнатиот процес на преговори за членство во ЕУ, очигледно е сигнал за аларм кај американските сојузници во НАТО кои немаат веќе време да се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ во дипломатски ракавици и затоа ќе добијат ваква пријателска порака:

„Исто така, сакам да бидам јасен за влијанието врз односите со САД ако Северна Македонија избере друг пат – да се реши против уставни измени, да заталка од патот кон ЕУ… Тоа би било загрижувачки за една членка на НАТО, земја за која се обврзавме дека ќе ја браниме врз основа на заедничките вредности, да го заврти грбот на ЕУ. Затоа, ние сме пријатели, нема да прекинеме да бидеме пријатели, но лидерите во САД го набљудуваат изборот што тука ќе се направи во наредните месеци и се надеваме дека вашиот избор да се приклучите безбедносно во НАТО ќе се надополни со слична одлука да и се приклучите на ЕУ.“, изјави Крис Марфи, американски сенатор при скорешната посета на Македонија.

На оваа посета на сенаторот Марфи му претходеше Сослушување во американскиот Сенат за Македонија на кое тој лично се интересираше за состојбите во македонско-бугарските односи и за важноста од уставните измени за продолжување на европскиот пат на земјава.

Дерек Шоле, советникот на Стејт Департментот на сослушување за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, појасни „дека треба да се донесат тешки одлуки во однос на уставните промени кои од нив се бара да ги направат, но дека САД  ја поддржуваат Македонија во тие напори, а тоа ќе помогне да се отклучи следната фаза од нивниот процес за пристапување во ЕУ“

За поддршката на САД за интеграцијата на регионот во ЕУ зборуваше и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.

„За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор“, изјави Ескобар.

Ескобар рече дека од опозицијата не се бара да го поддржи премиерот, туку евроатлантскиот пат на Македонија.

На сите овие апели, укажувања и предупредувања нашата опозициска ВМРО-ДПМНЕ одговара дека под овие услови и под бугарски диктат уставните измени не се можни и тие како претставници на граѓаните немаат легитимитет да одлучуваат по ова прашање, дека власта еднострано тера процес без да бидат уважени забелешките и укажувањата од страна на опозицијата.

За на Американците од чиста суета да им кажеш fuck off треба да си или глуп или пак многу моќен. Па дури и тогаш ќе треба да се размислиш малку пред да го сториш тоа.

Друго е прашањето ако некој од надвор  те спонзорира за да му бидеш маша во глобалните геостратешки игри за надмоќ, поттикнати уште повеќе со реалната војна што се одвива на европскиот континент во Украина.

Нашата опозициска ВМРО-ДПМНЕ се однесува баш така, како да е поддржана од моќна сила надвор од НАТО алијансата, која ја охрабрува да ја држи Македонија на другата страна од евроатлантскиот блок со кочење на процесот на пристапните преговори со ЕУ.

Американскиот ангажман во Украина е јасен, а ние како НАТО сојузник сме определени на таа страна. Затоа ВМРО-ДПМНЕ не само што со таквиот став  си создава моќен непријател од што може да има последици како партија, туку ја става во залог и државата и граѓаните.

САД досега се докажале како наши големи пријатели и во време кога другите сили само се декларирале како такви. Нема потреба од пријател да направиш непријател. Особено моќен.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Габриел ЕскобарДерек ШолеКрис МарфиЉубиша НИКОЛОВСКИСАДуставни промениХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk