ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Странски работници од Индија пристигнаа во млечниот сектор и земјоделството

May 28, 2023 16:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека  работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе./Фото: МИА

Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека  работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе./Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Почна увозот на странски работници и во земјоделскиот сектор. Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров за МИА потврдува дека  работници од Индија се пристигнати на фарма и во млекара во Свети Николе. Станува збор за ниско квалификувана работна сила. Посочува дека сопственикот на млекарата и фармата е задоволен од работниците од Индија. За нив има обезбедено сместување, храна, плата, здравствени прегледи, визи и тоа се едни од условите, за да овие работници дојдат и работат, во овој сектор.

-Пополека почнува да се примаат работници од странство, има нешто во земјоделието, кај нас на пример има дојдено во млечната индустрија од Индија, во градежништото веќе одамна има работници од Турција и далечниот Исток. Така да мислам дека овој процес во иднина ќе биде многу јак, затоа што се појавуваат многу основани Агенции, кои сакаат со тоа да се занимаваат и да им биде тоа бизнис, вели Димитров.

Забележува дека нема логика да се плаќаат странските работници пониско во однос на нашите работници. Прашан дали и во текстилниот сектор увозот на странски работници ќе стане реалност во текот на наредниот период, Димитров со одговор дека очекува ова да стане реалност за три до четири години.

-Затоа што овие години доста голем број на работници одат во пензија, за нив немаме замена од наши млади работници од Македонија. Така да тоа останува единствен излез ако сакаме да го задржиме сегашниот буџет, фондовите да ги полниме. Во спротивно паѓаат сите овие параметри и многу негативно ќе се одрази не само на економијата, туку и како држава, вели Димитров.

 Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров
Претседателот на Собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров Caption

Смета дека Законот за вработување на странски работници е комплициран и има квоти за вработување. Димитров вели дека токму поради ова мора да се либерализира овој Закон за да може да се увезуваат странски работници како сезонски  и во земјоделскиот сектор. Во моментов најголемиот број на странски работници се во градежниот сектор, кои работат на изградба на патишта, но и на станбени згради.

-Сите големи странски градежни компании кои градат во Македонија најголем дел од работниците го обезбедуваат од надвор. Јас мислам дека исто ќе се случи и со сега најавуваните гради на автопатиштата. Затоа што е факт дека Македонија нема работна сила. Ние имаме фиктивен број на невработени, кои во суштина не сакаат да работат, особено не во овие гранки, какошто е земјоделието, градежништото, текстилот итн, додава Димитров.

Посочува дека во овој дел нашата земја е назад во однос на соседните држави и на Балканот.

-Да ги спомнеме Србија, Бугарија предничи пред нас, дури и една Босна вработува повеќе странци, отколку ние што вработуваме, да не зборуваме за Хрватска каде што цели населби имаат и да речеме имаат над 20.000 луѓе вработени од Непал, вели Димитров.

Прашан до каде се дебатите за носењето на Законот за работни односи, Димитров за МИА вели дека деновиве во Охрид  ќе има една таква дебата, на која ќе има и странски екпсерти. Очекува кон крајот на годината овој Закон да влезе во Собранието, а во моментов какошто вели синдикатите вршат притисок и водат дебати  за платите во јавниот сектор и за Колективниот договор во овој сектор.

Next Post

Велика Британија почнува информативна кампања за запирање на бранот албански мигранти преку Ламанш

Shortcut

Најново

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk