ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ротари клубот Скопје Исток прослави една година постоење

May 29, 2023 11:33
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ротари клубот Скопје Исток го прослави својот прв роденден од основањето и вклучувањето во филантропските активности за поддршка на заедницата во Македонија. Сите 26 члена на Клубот се фокусирани на поддршка на образованието, на културата и на ранливите групи граѓани.

Во поздравниот говор, чартер и сегашниот претседател на Клубот, Глигор Михаиловски, ја изрази својата воодушевеност од вкупниот број хумани акции што ги преземаат членовите на клубот во помош и поддршка на заедницата.

„Да се биде чартер и прв претседател на Клуб којактивно ја поддржува заедницата, навистина, е чест. Активностите кои ги реализираме го подобруваат животот на заедницата и потсетуваат на одредени вредности на ротаријанството. Ќе продолжиме да бидеме клуб со уште поголем број активности и соработки со други клубови од ротари семејството, но и од други сродни организации“, вели Михаиловски.

Во изминатата ротаријанска 2022/2023 година, Михаиловски информираше дека клубот, преку својот член Мартин Николовски и компанијата Хипомед, донирале средства за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Исто така, во акција за обезбедување храна за гладни семејства, како и поддршка на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје заедно со клубот Скопје Север и многу клупски хуманитарни активности.

Еден од најзаслужните лица за постоењето на Ротари клубот Скопје Исток е поранешниот гувернер на Дистрикт 1912 и почесен член на клубот Скопје Исток, Душан Петерковиќ кој несебично се вложи во поддршка на иницијативата за формирање на овој клуб. Тој додава дека, „многу сме задоволни како словенечки дел од Дистриктот затоа што ротаријанството во Македонија се развива и што соработката меѓу Словенија и Македонија, секојдневно, се зголемува и подобрува. Најголем дар е кога добиеш пријателство и ние тоа го добивме од вас“.

Благодарници за сесрдната поддршка на Клубот добија и актуелниот гувернер на Дистрикт 1912 Словенија – Македонија, Раде Христовски и Сашко Целаковски, дистриктен секретар на Дистриктот 1912. На крајот, ротаријанците учествуваа во аукција на уметнички слики специјално изработени за прослава на првата година на Клубот. Авторка на сликите е Зорица Бужаровска-Бошковска и собраните средства ќе бидат донирани при следна хуманитарна акција.

Tags: ГодишнинаРотари клуб Скопје Исток
Next Post

На Табановце уапсен 42-годишен скопјанец - се обидел да внесе противправно набавени стари монети

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk